• Latest

Косово се уште без одговор дали ќе го екстрадира Африм Исмаиловиќ и покрај дадените гарации од македонска страна за повторено судење

April 18, 2021
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Косово се уште без одговор дали ќе го екстрадира Африм Исмаиловиќ и покрај дадените гарации од македонска страна за повторено судење

April 18, 2021 11:01
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако македонските власти дале гаранции дека на Африм Исмаиловиќ, осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, ќе му се суди во присуство, Косово се уште не одговорило позитивно на барањето за екстрадиција на осуденикот.

Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски за МИА изјави дека косовската страна побарала гаранции дека доколку Исмаиловиќ биде екстрадиран во земјава, ќе има повторено судење.

-Тие гаранции Судот ги даде, и преку Министерството за правда уште пред десетина дена се веќе испратени. Се уште нема одговор од косовска страна, потврди Видиновски за МИА.

фото: МИА

Тој нагласи и дека до косовските власти е испратена информација дека буквално се што им треба како гаранција, доказ, превод на пресуда, ќе им се излезе во пресрет со цел Исмаиловиќ да биде вратен во земјава.

-Министерството за правда ќе преземе се што треба и ќе инсистира лицето Африм Исмаиловиќ да биде екстрадиран во Северна Македонија, додаде Видиновски за МИА.

Законот во Северна Македонија овозможува секој што е осуден во отсуство, да има право да бара повторено судење.

На 1-ви овој месец, по сообраќајна несреќа во Косово, Африм Исмаиловиќ беше однесен во полициска станица и е утврдено дека тој се бара со потерница. Тогаш косовската полиција го известува нашето МВР и наведуваат дека лицето е идентификувано и е утврдено дека за него има барање за екстрадиција.

Како што тогаш јави дописникот на МИА од Приштина, адвокатот на Исмаиловиќ, Бесник Бериша рече дека по проверката на кривичната историја на неговиот клиент, е утврдено дека за него има меѓународна потерница и дека надлежен обвинител му одредил 48-часовен притвор.

– Апсењето се случи вчера (1 април) во попладневните часови. Беше случајно, како последица на сообраќајна несреќа. Откако беше повикан во полициска станица за интервју, според процедурите, полициските службеници проверија дали истиот се бара за некое друго кривично дело и им се појавила потерница од 2012/2013 година издадена од Северна Македонија, изјави тогаш Бериша.

Македонското Министерство за правда тогаш испраќа уште едно барање да го екстрадираат, меѓутоа, косовските власти од судовите во Северна Македонија бараат гаранции дека доколку биде екстрадиран, ќе му се суди во присуство.

Сега се чека Косово да одговори дали ќе ја изврши екстрадицијата на Африм Исмаиловиќ, иако не е утврден прецизен рок за да се постапи по барањето.

Покрај Исмаиловиќ, во бегство во Косово е и Алил Демири, исто така осуден на доживотен затвор во процесот „Монструм“, а Косово со години не ги екстрадира овие лица и покрај барањата на македонските власти.

фото: МИА

Во меѓувреме, на прашање на дописникот на МИА од Приштина, до Канцеларијата за односи со јавност при косовското Министерство за правда, за тоа која е моменталната состојба со Исмаиловиќ, дали е екстрадиран, дали е на слобода или е уште во притвор и дали има ново барање од македонска страна за екстрадиција, од косовското Министерство одговорија дека не може да дадат информации поради доверливоста на случајот.

-Врз основа на вашето барање, МП на Р. Косово ве информира следното: Врз основа на Законот бр. 04/L-213 за меѓународна правна соработка во кривични случаи, Член 4 став 1., „Министерството, на барање на странскиот судски авторитет, ја зачувува доверливоста на барањето за меѓународна правна соработка и за информацијата наведена во барањето“. Затоа, повикувајќи се на споменатиот Закон, ве информираме дека Министерството за правда не може да ви понуди информации поради доверливоста на споменатиот случај, се вели во одговорот на косовското Министерство за правда.

Македонската страна досега испратила околу девет барања до косовските власти за екстрадиција на Исмаиловиќ и Демир, меѓутоа досега без позитивен одговор од другата страна.

МИА од косовски извори дознава дека Исмаиловиќ е пуштен од притвор во Косово по сообраќајната несреќа и му е изречена мерка на претпазливост. МИА исто така дознава дека Исмаиловиќ во меѓувреме побарал азил во Косово.

фото: МИА

Премиерот Зоран Заев пред две недели изјави дека земјава одамна има побарано екстрадиција и очекува од новите косовски власти да ги потврдат меѓународните договори на кои и Косово и Северна Македонија се имаат обврзано, а тоа ќе ја зајакне и соработката меѓу двете земји.

-Очекувам властите на пријателско Косово, да го почитуваат правото и меѓународните договори, и да го екстрадираат лицето, рече Заев на 4-ти овој месец.

Африм Исмаиловиќ, како и неговиот брат Агим и Aлил Демири, на 23 февруари годинава беа осудени од Кривичниот суд во Скопје на доживотен затвор по обвинението дека на 12 април 2012 година кај Смилковско Езеро извршиле петкратно убиство. Двајца други обвинети, Фејзи и Хаки Азири, беа осудени на 15, односно девет години затвор. За обвинетиот Сами Љута, се одби обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, предметот беше вратен на повторeно судење и случајот во март 2018 година го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и беа доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ