• Latest

Косовската полиција ја знае адресата на обвинетите од „Монструм“

May 16, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Косовската полиција ја знае адресата на обвинетите од „Монструм“

May 16, 2018 13:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската полиција знае каде е Африм Исмаиловиќ, второбвинет за петкратното убиство кај Смилковското езеро, кој заедно со првообвинетиот Алил Демири, се недостапни за македонските судски власти, откри на денешното рочиште за предметот „Монструм“ Агим Исмаиловиќ, брат на Африм.

На прашање од овинителката Фатиме Фетаи каде е неговиот брат Африм, обвинетиот Агим Исмаиловиќ рече дека е во Приштина, Косово. Тој кажа дека со брат му контактирал преку вибер, кога бил пуштен на слобода.

– Полицијата на Косово знае многу добро  каде живее брат ми, а јас не ја знам точната адреса, рече Исмаиловиќ.

На прашањето на Феати во врска со локацијата на која се наоѓаат прво и второбвинетиот  во овој случај, реагираше одбраната затоа што му се поставува вакво прашање кога за нив македонската полиција има распишана меѓународна потерница.

На ова се спротивставија судијката и обвинителката Фетаи, која рече дека во судот сите се дојдени за да се утврди вистината.

Иасмаилови пред судот кажа и дека останува на изјавата што ја дал пред шест години – дека не го сторил делото за кое е обвинет и не се чувствува виновен.

На почетокот на рочиштето обвинителката Фатиме Фетаи рече дека СЈО го презема овој предмет кога Врховниот суд ги укина пресудите на првостепениот и второстепениот суд и предметот е вратен на повторно судење.

Фетаи од судот побара на прво и второобвинетиот, да им се суди во отсуство, бидејќи се недостапни. Додека Фетаи го читаше ибвинението, дел од роднините на убиените плачеа во судницата.

Судењето за „Монструм“ денеска почна од почеток бидејќи предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Во судницата се присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута, како и роднини на убиените деца.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. (МИА)

Tags: „Монструм“Косовска полицијаобвинетиПриштинаСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ