Во акција на косовската полиција неделава беа уапсени две лица осомничени за шпионажа во соработка со Српската разузнавачка агенција (БИА).
Разговорите меѓу шпионите и српската БИА се воделе само еден ден по нападот во Бањска, велат извори од безбедносните органи, пишуваат косовските медиуми.
Но, што се однесува до случајот со приведувањето на двајцата осомничени за шпионажа, Бедри Шабани и Мухарем Ќерими, на специјалците на Косовската разузнавачка агенција (АКИ) пред извесно време им влезе во трага.
АКИ ги следела двајцата осомничени, кои дејствувале одвоено, но и двајцата имале, како што викаат косовските медиуми, заеднички газда.
Косовскиот медиум „Дугаѓини“ дознава дека Агенцијата за разузнавање, откако им влегла во трага на осомничените, континуирано ги следела.
Во овие комуникации на Агенцијата за разузнавање, Бедри Шабани се слуша како зборува за случајот Бањска, каде што ја „обвинува“ српската страна за аматерска организација на случајот.
Агенцијата за разузнавање успеала да направи и амбиентални следења на комуникацијата на осомничениот со нивниот шеф, каде што може да се слушне како разговараат.
Н. Абдурахмани