„Информациите дека Јавното обвинителство отворило предмет против Јово Вангеловски заради тоа што намерно држел предмети во фиока, уште еднаш ја потврдува потребата од суштинските реформи во правосудството што ги преземаме“, изјави денеска на прес-конференција протпаролот на СДСМ, Констадин Костадинов.
„За потсетување, Јово Вангеловски познат во јавноста и како Јово Превара е поранешен претседател на Врховниот суд, кум на Трајко Вељановски кој е меѓу обвинетите за 27 април.
Еве зошто извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена го кочеа носењето на Законот за Јавно обвинителство. Ете зошто Мицкоски и неговите пајташи протестираа против правдата.
Со законот за јавно обвинителство отворена е можноста надлежните институции да утврдат дали Вангеловски намерно криел предмети свесно и намерно ја опструирал правдата.
Додека ВМРО-ДПМНЕ ги блокира интеграциите СДСМ и Зоран Заев ја обезбедуваат европската перспектива на државата. ВМРО-ДПМНЕ е за изолација, ние сме за интеграција“, изјави Костадионв.
Тој додаде дека следуваат реформи во судството, а и ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки.