Судскиот активизам, враќањето на довербата на граѓаните во Уставниот суд и во правната држава, внесување на науката во Уставниот суд, како и бескомпромисност во обидите за политички и какви било други влијанија врз Судот или врз уставните судии, ќе бидат главни приоритети на новиот претседател ан Уставниот суд, Дарко Костадиновски.
-Ако сме свесни за нашата општествена и уставна реалност тогаш јасно е дека довербата на граѓаните во институциите на системот, довербата на граѓаните во правната држава е на историско најниско ниво. Затоа, сосема природно за мене како претседател на Уставниот суд е приоритет над сите приоритети да биде враќањето на довербата на граѓаните во Уставниот суд и враќањето на довербата во правната држава, којашто е на историско најниско ниво, рече Костадиновски на прес-конференција, по брифингот за новинарите.