„Историската комисија е составена од професионалци кои работат, разгледуваат и носат препораки. По нивната препорака, Министерството за образование и наука треба да даде свое мислење, па луѓето што ги пишувале учебниците. Претпоставките дека ќе ни стават вето за ова или она поради недоговарање на историската комисија не се точни“ рече пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека ниту во Договорот за добрососедство со Бугарија, ниту во преговарачката рамка со ЕУ не стои дека поради нерешени историски прашања или ако некоја тема не е затворена во историската комисија, може да ни се стави вето.
„Ние не преговараме со Бугарија, преговараме со ЕУ. Во Европскиот совет има уште 26 други членки кои може да застанат на наша страна доколку се појави негирање на македонската нација, идентитет или било што“ рече Коциќ.
Пратеникот од СДСМ рече дека токму поради тоа е подобро да преговараме со Европската Унија, отколку со Бугарија која има потпалувачи на страстите и националисти.
Извор: фронлајн.мк