• Latest

Ковачевски: Имаме јасен патоказ за начинот на пристапувањето во ЕУ

September 3, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Имаме јасен патоказ за начинот на пристапувањето во ЕУ

September 3, 2022 12:32
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски го повтори ставот дека алтернативата на Северна Македонија е во Европската Унија, исто како и стремежите на Република Албанија и Република Србија, иако процесот и времетраењето на самиот процес од 17 години го намали кредибилитетот на Унијата во Северна Македонија. Ковачевски ова го изјави во интервју за Радио телевизија Србија говорејќи за проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан.

-Конечно минатиот месец Северна Македонија ја одржа првата Меѓувладина конференција, го одржавме и првиот скрининг состанок, веќе имаме распоред финализиран во однос на одржувањето на билатералниот скрининг кој започнува на 15-ти септември. Многу скоро во текот на наредните денови Северна Македонија ќе ја официјализира и претстави преговарачката структура во однос на се она што се потребно да се направи во тој билатерален скрининг. Веќе се екипираат структурите во Секторот за европски интеграции во Секретаријатот за европски прашања, рече Ковачевски, соопшти владината прес-служба.

Премиерот оценил дека со тек на време прво ќе се врати кредибилитетот на Европската Унија, заради тоа што веќе го отпочнавме процесот и заради тоа што голем број експерти, институции и невладиниот сектор ќе бидат вклучени во преговарачкиот процес.

Ковачевски посочи дека ако ги погледнеме изјавите на официјалните лидери на ЕУ тие никогаш не го поставуваат под прашање проширувањето на ЕУ.

-Јас го делам тоа мислење бидејќи без Западен Балкан, ЕУ не е комплетна бидејќи ние сме инхерентен дел на ЕУ, ние ги делиме истите вредности и нашите граѓани од секој аспект се дел од ЕУ. Во таа насока сметам дека Северна Македонија имаше најверојатно најтежок пат на отпочнување на преговорите, рече Ковачевски потсетувајќи дека со постигнувањето на договорот со Република Грција, како и договорот за добрососедство со Република Бугарија сите отворени прашања се затворени.

Според него, Северна Македонија има јасен патоказ на кој начин ќе се одвива пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија. Надминати се, како што посочил Ковачевски, одделни прашања и дилеми и во преговарачката рамка стои чист македонски јазик, загарантиран е идентитетот на македонскиот народ и целиот преговарачки процес, а историските прашања се дел од работата на Историската комисија и не се дел од преговарачкиот процес.

-Она што ние го имаме како обврска на тој пат, што впрочем го имаа и голем број на други земји е уставно прилагодување со тоа што Северна Македонија има уште една дополнителна активност, која треба да ја направи, а тоа е вклучување на делови од други народи кои живеат во нашата држава и тука веќе таква заинтересираност имаат изразено хрватскиот, црногорскиот, бугарскиот народ меѓутоа и други како што е еврејскиот, кој веќе искажа желба да бидат дел од Уставот, изјави Ковачевски.

Истакнувајќи дека тој самиот смета дека ова е добро, бидејќи постојат држави во ЕУ коишто имаат и по 25 делови од народи во својот Устав, а ние веќе имаме други народи во Уставот како што се српскиот народ, влашкиот, албанскиот, ромскиот и така натаму.

-Ние сме мултикултурно, мултиконфенсионално, мултиетничко општество и јас секогаш велам дека Северна Македонија е Европа во мало бидејќи ЕУ е заедница на различности, а Северна Македонија е токму држава во која што сите заедници односно сите народи, граѓани без разлика на нивната припадност имаат еднакви можности за личен и професионален напредок, рече Ковачевски во интервјуто за РТС.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ