На маргините на Минхенската безбедносна конференцијата премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, се сретнаа со претседателот на ПЕС Стефан Лофвен.
На средбата разговараа за евроинтеграциите и потребата од забрзан пат на Северна Македонија до полноправно членство во Европската Унија, соопшти владината прес-служба.
Претседателот на ПЕС изрази силна поддршка за реформите кои Северна Македонија ги спроведува за забрзано европеизирање на земјата.
Со политиките на Владата се обезбеди стратегиската цел, членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ со што уште еднаш се потврдија силните заложби дека земјата е на страната на мирот, стабилноста, добрососедските односи и економски раст и развој со кои обезбедуваме подобар живот за сите.