• Latest

Ковачевски: Мора да се обединиме околу концептот за европска Македонија

February 3, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Мора да се обединиме околу концептот за европска Македонија

February 3, 2023 13:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска  нема да има средби со лидерите на Алијанса за Албанците и на Алтернатива – Арбен Таравари и Африм Гаши.

-Работната група која едногласно ја формиравме на Извршниот одбор на СДСМ работи на подготовка на можност за влез на нов партнер во Владата, рече Ковачевски и додаде дека денеска попладне има закажано телефонски разговор со висок претставник на Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Виталија“ во Скопје, Ковачевски  го коментираше и иселувањето од државава, за што сведочат и бројките на ученици отпишани од училиштата особено во помали општини. Премиерот одговори дека тие деца не се запишале во второ полугодие во нивните училишта затоа што нивните родители отишле да работат во земја членка на Европската Унија и дека затоа е важно обединувањето околу концептот за европска Македонија.

-Затоа велам дека ние сите во државата, сите политичари, општествени чинители, мора да се обединиме околу концептот за европска Македонија. Тоа значи носење одлуки во Собранието со кои го продолжуваме нашиот пат за полноправно членство во ЕУ и зачленување на Северна Македонија до 2030 како полноправна членка во Европската Унија. Бидејќи нашите граѓани сакаат да живеат во земја членка на Унијата,  каде што платите се поголеми, а тоа е резултатот од зачленувањето на сите држави во ЕУ кои претходно не биле… да живеат во земја на ЕУ ама тука, дома, во Македонија, а не во  земја на ЕУ во туѓина. И јас не отстапувам од патот за ЕУ, на каква било позиција да сум во државата, рече Ковачевски.

На новинарско прашање колку чинела организацијата на дводневната конференција за една година од сегашниот состав на Владата, одговори дека кога ќе ги имаат податоците владината прес-служба ќе ги соопшти.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Арбен ТаравариАфрим ГашиДимитар КовачевскиЕУ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result