• Latest

Ковачевски на состанок на Европската политичка заедница во Гранада, лидерите ќе разговараат за идната стратегија

October 5, 2023

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски на состанок на Европската политичка заедница во Гранада, лидерите ќе разговараат за идната стратегија

October 5, 2023 08:22
in ЗЕЛЕНИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Гранада, Шпанија, ќе учествува на третиот состанок на Европската политичка заедница, заедно со лидерите од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина.

На состанокот, како што јавува известувачот на МИА, најавено е учество и на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европскиот парламент, Роберта Мецола, кои надоврзувајќи се на дискусиите од претходните средби ќе разговараат како Европа да се направи поотпорна, попросперитетна и геостратешка.

Состанокот на Европската политичка заедница, како и утрешниот неформален Самит на ЕУ во Гранада, се одржуваат во клучен момент за иднината на Европа од геополитичка гледна точка и ќе се фокусираат на стратешки прашања, пред се на идните предизвици за регионот.

Фокусот ќе биде ставен на актуелните конфликти што го засегаат континентот, а се очекува присуството на повеќето европски лидери да се искористи за повторно манифестирање на нивното единство во однос на руската агресија врз Украина.

За Шпанското претседателство со Советот на ЕУ, состанокот се одржува во клучен момент, поради промените и трансформациите во светот, што ја прави Гранада место каде може да се донесат фундаметалните одлуки за иднината на целата Еврпа, не само за Европската Унија.

Програмата на Самитот содржи пленарна сесија и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за иднината на Европа – дигитализацијата, потоа енергијата, животната средина и зелената транзиција, како и мултилатерализмот и геостратегијата.

Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија, а потоа со лидерите на Шведска, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Хрватска, Лихтенштајн,  Бугарија и Албанија, како и на Европската комисија и Европскиот Парламент ќе учествува на тркалезна маса посветена на дигиталната транзиција и вештачката интелигенција.

Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија на Самитот, а потоа со лидерите на Шведска, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Хрватска, Лихтенштајн,  Бугарија и Албанија, како и Европската

Во делот на дигитализацијата посебен фокус ќе биде ставен на вештачката интелигенција, како клучно прашање за иднината не само во рамки на ЕУ, туку и надвор од нејзините граници. Сесијата на оваа тема ќе се фокусира на можното регулирање на вештачката интелигенција и развојот на нејзините придобивки. Во делот на дигитализацијата, меѓу приоритетите на актуелното шпанското претседателство со ЕУ, е и заложбата за „одговорна дигитализација“, која ќе гарантира еднаков пристап за сите Европејци и заштита на нивната приватност.

На тркалезната маса посветена на енергијата, животната средина и зелената транзиција, лидерите ќе се осврнат на главните дебати поврзани со енергетскиот сектор што се актуелни последниве години, како дел од амбицијата ЕУ да биде лидер во оваа транзиција.

Во однос на мултилатерализмот и геостратегијата, учесниците на тркалезната маса ќе бидат поделени во две групи – едната која ќе дебатира за различните импликации од војната во Украина, а втората за можните реформи на позицијата на одредени меѓународни институции и тела поттикнати од конфликтот.

Во рамки на третиот состанок на Европската политичка заедница, предвидено е премиерот Ковачевски да оствари билатерални средби со премиерот на Холандија, Марк Руте и со премиерот на Ирска, Лео Варадкар.

Европската политичка заедница (ЕПЦ) е формирана на 9 мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, чија земја во тој период претседаваше со ЕУ. Таа е замислена како платформа за политичка координација за европските земји ширум континентот, чија цел е да ги собере лидерите од европските земји во духот на еднаквоста и единството два пати годишно.

Првиот самит на европската политичка заедница се одржа во Прага во октомври 2022 година, кога мирот и безбедноста, војната во Украина и енергетската криза беа на врвот на агендата.

null

На вториот самит, во јуни 2023 година во Кишињев, главни теми беа и безбедноста во контекст на војната во Украина, енергетската отпорност, потоа климатските промени и поврзаноста и мобилноста, а лидерите зборуваа и за ситуацијата на северот на Косово.

Третиот самит на европската политичка заедница во шпанскиот град Гранада ќе ги собере лидерите на 47 европски земји, а една од главните теми ќе биде и проширувањето на Европската Унија. Учесниците на состанокот ќе разговараат како Европа да се направи поотпорна, попросперитетна и геостратешки важна, соопшти Советот на Европската Унија.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за новинарите во Брисел изјави дека проширувањето на ЕУ ќе биде меѓу главните теми на самитот на Европската политичка заедница, како и на неформалниот самит на ЕУ еден ден подоцна.

Тој рече дека на маргините на самитот на ЕУ ќе се разговара за актуелната ситуација во Косово, предупредувајќи дека „насилството не е прифатливо“ и дека „несогласувањата меѓу Косово и Србија треба да се решат како услов за интеграција во ЕУ“.

Претседателот на Европскиот совет рече дека неформално ќе се разговара за прашањето за проширувањето на самитот во Гренада, но конкретни одлуки за овој процес се очекуваат на официјалниот самит во Брисел во декември, кога ќе биде и самитот на ЕУ со Западен Балкан.

Следниот состанок на Европската политичка заедница ќе се одржи во Обединетото Кралство.

За време на посетата на Гранада, премиерот Ковачевски ќе биде придружуван од сопругата Елена Ковачевска, која, како што е најавено, ќе има повеќе активности, а ќе го придружува премиерот Ковачевски на свечената вечера организирана од Кралот и Кралицата на Шпанија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ