„Не постои поголем патриотизам од јасната визија и план за иднината и залагањето за просперитетот на државата и на сите грѓани. Ја донесовме и конечната одлука со која обезбедивме зачувување и зацврстување на македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и посебност. Европската унија не прифати како Македонци, кои говорат македонски јазик, со безусловно почитување на достоинството и посебноста на македонскиот народ и неговите идентитетски, историски и културни особености. Овае обезбедено засекогаш. За овие нешта ниту се преговара, ниту ќе се преговара“, изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата по првата меѓувладина конференција во Брисел.