• Latest

Ковачевски од Голо Брдо: Ја штитиме положбата и правата, јазичните и културни особености на Македонците надвор од Северна Македонија

July 31, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски од Голо Брдо: Ја штитиме положбата и правата, јазичните и културни особености на Македонците надвор од Северна Македонија

July 31, 2023 14:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Ковачевски денеска оствари средба со Македонци од месноста Голо Брдо од Албанија. Во рамки на Акцискиот план за поддршка на Македонците во Голо Брдо и Пустец, Ковачевски донираше градежна машина и сијалици за улично осветлување, со што се реализираше уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците, од овие краеви, со Владата.

„Акцискиот план за поддршка на нашите Македонци од Голо Брдо и Пустец ја покажува нашата поддршка за подобрување на условите за живеење на нашинците кои живеат овде. Денеска со донација на градежна машина и сијалици за улично осветлување одговараме на уште едно барање на нашите Македонци, и го исполнуваме нашиот заеднички договор.

Сакам да најавам уште еден многу важен проект од Акцискиот план чија реализација е во тек, а беше децениско барање и децениски проблем во овој дел од Албанија, а тоа е граничниот премин Требиште-Џепиште кој што е од исклучителна важност за македонското население во регионот од Голо Брдо да почне да функционира 24 часа. Има еден инфраструктурен дел кој треба да се направи на албанска страна, има делови кој што треба да се договорат помеѓу Министерствата за внатрешни работи меѓу тоа и денес заедно со премиерот на Албанија Еди Рама разговаравме и ресорните министри веќе се запознаени од двете држави за начинот на кој треба да го санираме и да го решиме овој долгогодишен проблем кој што Македонците од Голо Брдо го имаат, а пред се сè однесува на непречено 24 часа комуникација на граничните премини меѓу двете држави.

Владата спроведува и повеќе активности во однос на зголемување на бројот на стипендии за студирање на високо образовните институции во нашата држава, продолжуваме и со финансирање проекти за дијаспората, вклучително и за Македонците од Албанија.

Посветено работиме на проширувањето на соработката меѓу надлежните институции на Албанија за сите прашања од интерес на нашите Македонците кои живеат во Албанија, како што се во делот на пописот, во делот на организацијата во локалната самоуправа и во други области од секојдневното живеење. Со конкретни проекти правиме се за подобрување на нивниот живот, континуирано помагаме за подобрување на условите на живеење на нашинците, ги подобруваме условите за работа во училиштата, финансиски го помагаме комуналното уредување на општините каде живее македонско население.

Денес имав убав повод за средба со нашите Македонци и во рамките на ова средба практично направивме донација од машина која што ќе ја користат во текот на зимските месеци за чистење на снегот и улично осветлување, вкупната донација е од 1 милион денари и таа веднаш ќе биде предадена и ќе биде користена во Голо Брдо како и во другите општини кој што се населени со Македонци, сакам уште еднаш да им посакам добредојде на нашите сограѓани на нашите македонци кој живеат во Албанија и како и тие сами кажуваат овде се чувствуваат како дома бидејќи и Албанија и Северна Македонија се држави кој што во моментов имаат односи кој што се на исклучително високо и пријателско ниво. Добредојдовте уште еднаш и нека е со среќа”, потенцира Ковачевски.

Tags: АлбанијаГоло БрдоКовачевскиПустец
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ