На денешната седница за пратенички прашања премиерот Ковачевски говореше за последните случувања на релација Македонија-Бугарија и инцидентот во Охрид кога беше претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
Премиерот потенцираше дека државата ги презема сите дејства согласно законот, за сите провокатори кои се обидуваат да ги нарушат односите помеѓу двете држави.
„Во Северна Македонија не постои антибугарска хистерија. За последните инциденти има одговорни лица, затоа што се акти на поединци и не може цела една држава да сеобвини за постапка на поединци. Ги преземаме сите дејства согласно Уставот и продолжуваме да бидеме конструктивен партнер и во регионот и во ЕУ“, изјави Ковачевски.