• Latest

Ковачевски: Парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес

January 20, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е денес

January 20, 2023 14:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во СДСМ има чесни структури. Пратениците на СДСМ се членови по функција на Централниот одбор и нивниот глас вреди исти колку што вреди гласот на претседателот на партијата и секој од нив го кажува своето мислење. Сите одлуки во СДСМ се носени едногласно, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски.

-Не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат согласно добиениот мандат и својата политичка позиција во политичката партија туку ќе порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е и денес, рече премиерот Ковачевски.

Тој ја коментираше вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека паракриминални структури вршат притисок врз пратеници на власта кои сакаат избори. Според Ковачевски, Мицкоски е човек кој со лага сака да прикрие друга лага.

-Најлошо е кога човек со лага сака да прикрие друга лага, а ова му е трета лага на Мицкоски. Пред една година шеташе низ Собранието велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, а потоа го видовме таа вечер на клиника. Исто така, пред Нова Година кажа дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата за сега да каже дека полукриминални… Не знам каква му е таа реченица, рече Ковачевски кој денеска беше во посета на Преспа.

Во СДСМ, потенцира тој, има чесни структури. -Пратениците на СДСМ се членови по функција на Централниот одбор и нивниот глас вреди исти колку што вреди гласот на претседателот на партијата и секој од нив го кажува своето мислење. Сите одлуки во СДСМ се носени едногласно. Во СДСМ претседателот на партијата односно јас или кој било претседател претходно ниту им барал меници на пратениците ниту изјави заверени на нотар, како што тоа го барал Мицкоски, се со цел да може да ги држи во заложништво. Исто како што самиот тој е во заложништво на Апасиев, рече Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АпасиевКовачевскиМицкоскипарламентарно мнозинство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result