• Latest

Ковачевски: Сите заедно, обединети во слободата, да се обединиме и околу идејата за Република Северна Македонија којашто брзо чекори по европскиот пат

September 8, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Сите заедно, обединети во слободата, да се обединиме и околу идејата за Република Северна Македонија којашто брзо чекори по европскиот пат

September 8, 2022 09:04
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
По повод Денот на независноста, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓанки и граѓани во државата, со порака дека обединети во слободата треба да ги продолжиме перспективите, затоа што историјата не учи дека за секој важен чекор напред, е потребно обединување.

–Го дочекуваме овој голем државен празник, обединети во едно, заедничко општество дома, како достоинствена членка на НАТО и идна членка на Европската Унија на меѓународен план. Интеграциите се битката на нашата генерација. И затоа повикувам Обединети во слободата да ги продолжиме перспективите. Историјата учи дека за секој важен чекор напред е потребно обединување. Граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, и сите други, на историскиот референдум на 8-ми септември, 1991-та година, во огромно мнозинство, сплотени, независно од етничките и политичките различности, одлучија да живеат во независна држава. Генерациите од тие 90-ти години мудро ја извлекле поуката од илинденците и асномците, кои се обединиле во борбата – за слободата и државноста, порача Ковачевски по повод Денот на независноста.
Ова е пример што покажува колку е важно заедништвото и што значи да се има мудро, храбро и прогресивно политичко лидерство, посветено на напредокот на граѓаните и на државата.

Денес, исправени пред последиците од пандемијата и војната во Украина со коишто се соочува целиот свет, а тоа се безбедноста и достапноста до храна и енергија, можеме да констатираме дека ние, три значајни чекори направивме навреме. Станавме дел од НАТО и ја осигуравме државата, во најголемиот безбедносен сојуз, каде земјите членки солидарно се штитат меѓу себе. Ги започнавме преговорите со Европската унија гордо и со крената глава, за на истата маса, одвнатре да ги браниме јасно и гласно и понатаму нашите позиции. Ја основавме, заедно со Србија и Албанија, иницијативата Отворен Балкан, преку којашто осигуравме сериозно подобрување на регионалната соработка, но и развој на нашите економии со шанси за нови придобивки за граѓаните и компаниите, нагласува Ковачевски.

Обединувањето на граѓаните е гаранција за домашниот мир. Добрососедските односи се гаранција за регионалниот мир. А нашето обединување меѓу 27-те членки на Европската Унија е реална и неопходна перспектива за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, според европските принципи и вредности.

-Започнатите преговори со Европска Унија во план е да ги завршиме многу брзо. Работиме напорно и со брза динамика граѓаните на Република Северна Македонија да бидат што поскоро дел од европското семејство. На овој 8-ми Септември, повикувам сите заедно, обединети во слободата, да се обединиме и околу идејата за Република Северна Македонија којашто брзо чекори по европскиот пат. Да се издигнеме на висина на должноста, за да ја добиеме нашата генерациска битка, порачува  Ковачевски.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ