• Latest

Ковачевски со честитка за новогодишните празници: Наша најголема вредност се луѓето, со верба, оптимизам и мудрост ќе ги постигнеме целите пред нас

December 30, 2023

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски со честитка за новогодишните празници: Наша најголема вредност се луѓето, со верба, оптимизам и мудрост ќе ги постигнеме целите пред нас

December 30, 2023 17:21
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните истакнува дека во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост.

-Оставаме зад нас уште една година. Година која не беше воопшто лесна. Но сепак, треба да сме горди на постигнатото. Во рамки на можностите направивме многу. Во најтешката криза работевме напорно, посветено и фокусирано. Работевме да го направиме животот подобар. За да сите имаат повеќе. И најважно од сè, никој не беше оставен сам, истакнува во видео обраќањето премиерот Ковачевски.

Тој посочува дека платите и пензиите пораснаа на историски високо ниво.

-Денес имаме речиси 50 отсто покачени пензии, имаме двојно повисока минимална плата, и просечна плата која е веќе над 600 евра. Ве уверувам, и платите, и пензиите, ќе продолжат да растат и следната година! Со антикризните мерки, го заштитивме и помогнавме животниот стандард на семејствата и на фирмите. И пензионерите, и студентите, и учениците, и самохраните родители, и најранливите можеа да се потпрат на нас, нагласува Ковачевски.

Посочува дека имаме двојно повеќе странски инвестиции, намалена невработеност и зголемена вработеност. За првпат авансна исплати за земјоделците.

-Продолживме да ја трансформираме земјата во зелен енергетски центар на Европа.Заеднички постигнавме многу, затоа што напорно работевме. Рамноправно, еднакво и солидарно! И така и ќе продолжиме и понатаму. Има пред нас простор да направиме и уште повеќе, да биде уште подобро, платите и пензиите да продолжат да растат, а на најранливите директно и солидарно да им помогнеме. Затоа што тоа се вистинските и македонски и европски вредности. И затоа во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост, вели Ковачевски.

Ова, како што истакнува Ковачевски, го кажува, не само како премиер, туку пред сè како граѓанин, како татко, сопруг, син, како човек кој својата иднина ја гледа тука, дома, во татковината.

-Ни треба целото знаење со кое располагаме, за да ги постигнеме целите кои се пред нас. Често велам дека нашата предност, наша најголема вредност и најсилна страна се луѓето, нашите граѓани.Затоа што имаме капацитет, имаме знаење, имаме волја да ги направиме следните чекори. Да продолжиме и понатаму да го подобруваме животот на граѓаните. Да го направиме и она што е најважно – да ги задржиме младите дома. Да ги вратиме тие што заминале, затоа што европскиот пат на кој сме тргнати, е започнат, и не застанува. Мора да гледаме напред, мора да се движиме напред. Токму европскиот пат ќе донесе развој и подобро утре, истакнува премиерот.

Ковачевски вели дека е сигурен оти ќе има подобро утре.

-Оптимизмот кој го споделувам со Вас, е изграден на реални основи, затоа што знам, дека сѐ што треба, заеднички ќе го направиме. Оваа држава има луѓе кои имаат и храброст, и енергија длабоко во себе, кои ќе го изодат тој пат и кои ќе остават подобра земја за своите деца, за сегашните и за идните генерации. На крајот на овој европски пат е големата награда, членството во Европската Унија. Пат и цел кои ќе ни овозможат врвна демократија, социјална правда, функционално владеење на правото. Јас верувам во тоа и во тој дух, и со позитивна мисла, Вам и на Вашите семејства ви ги честитам новогодишните и Божиќните празници! Искрено, од срце, ви посакувам добро здравје, среќа, радост и спокој, потенцира Ковачевски.

Премиерот на крајот во честитката изразува благодарност до сите кои во овие празнични мигови се на работните места и се грижат за нашето здравје и безбедност.

Tags: Ковачевскичеститка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ