• Latest

Ковачевски: Со меѓународната поддршка Отворен Балкан е двигател на евроинтеграциите за регионот

June 8, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Со меѓународната поддршка Отворен Балкан е двигател на евроинтеграциите за регионот

June 8, 2022 15:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на агендата на самитот Отворен Балкан се обрати на тркалезната маса на која присуствуваа претставници на дипломатските претставништва и на меѓународните организации застапени во регионот.

Во своето обраќање, премиерот Ковачевски се заблагодари за поддршката за Отворен Балкан, која како регионална иницијатива е насочена кон олеснување на трговијата и поттикнување на економскиот развој во регионот.

„Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера за нашите луѓе веднаш да ги почувствуваат придобивките од она што го нудиме. Очекуваме тие придобивки да биде почувствувани и во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани“, истакна премиерот Ковачевски и додаде дека иницијативата е отворена за сите земји од регионот.

Ковачевски потенцираше дека од политички аспект, Отворен Балкан е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и кон придонесување за секоја од земјите на нејзиниот пат кон членство во Европската Унија во разумен временски период.

„Отворен Балкан е наш автентичен континуитет на Берлинскиот процес. Со меѓународната поддршка на иницијативата ја засилува европската интеграција на регионот и е во целосна усогласеност со европските политики и регулативи“, посочи Ковачевски.

Ковачевски уште додаде дека Отворен Балкан продолжува понатаму со отворање нови можности за граѓаните од регионот како што се соработката во туризмот, поголема културна соработка во регионот и креирање на заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе го поттикне културниот туризам.

Во таа насока тој го нагласи и договорот за меѓусебно признавање на дипломите и научните звања како придонес за слободното движење на луѓето во регионот, како меморандумот за соработка меѓу даночните администрации на земјите од Отворен Балкан.

Другите лидери на иницијативата Отворен Балкан, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија Еди Рама, како и гостите премиерот на Република Црна Горан Дритан Абазовиќ и претседавачот на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија, во своите обраќања на тркалезна маса истакнаа дека е забележлива поддршката на дипломатските претставници и меѓународните организации во регионот и нагласија дека секоја друга поддршка и препораки се добредојдени за зајакнување на иницијативата.

Со свој придонес за поддршка на Отворен Балкан во оваа дебата учествуваа и еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир, амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил, заменик амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија Џулија Смит, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (RCC) Мајлинда Брегу, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ, како и извршните директори и високи претставници на УСАИД, на Фондацијата Фридрих Еберт, на Фондацијата Вестминстер, на Републиканскиот демократски институт (IRI), на канцелариите на Атлантскиот Совет во регионот, на Националниот демократски институт ( NDI), како и генералниот секретар Регионалната организација на младинска соработка (RYCO) и директорот на дигиталниот регистер за поврзување на бизнис заедниците од Југоисточна Европа (BIFIDEX).

Во дебатата на тркалезната маса со претставниците на меѓународната заедница во регионот, заменик претседателот во Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ посочи дека регионалната соработка е мотор на евроинтеграцијата на регионот и дека земјите од Отворен Балкан имаат капацитет да ги искористиме бенефитите од регионалното поврзување.

„Многу е подобро регионот да биде отворен, отколку затворен. Кога веќе имаме основа и цврст темел за регионална соработка, треба да го искористиме максимално. Ова е идеална прилика истовремено да се подготвиме подобро за членство во Европската Унија и да создаваме можности за следните генерации да живеат подобро и поубаво на овие простори“, потенцираше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на тркалезната маса со претставниците на дипломатските претставништва и на меѓународните организации застапени во регионот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ