Со силна поддршка од Германија, како домаќин на Самитот на Берлинскиот процес, но и од сите останати земји од ЕУ, продолжуваме да работиме на регионално поврзување на Западниот Балкан, но и на развој и обезбедување на четирите слободи на движење на кои почива ЕУ, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.
Секоја иницијатива која обезбедува забрзан чекор кон ЕУ е исклучително важна за целиот регион. Граѓаните на Северна Македонија, но и граѓаните на сите останати земји од регионот заслужуваат да живеат достоинствено во сопствените држави, и да бидат дел од ЕУ.
Предходно денаска, во друг пост на Фелсбук,Ковачевски напиша:
Самитот за Берлински процес е исклучително важен затоа што доаѓа во време на продолжена криза. Со колегите од Западен Балкан имавме продуктивна дискусија на сесијата за Регионална соработка и заеднички регионални пазари. Од заеднички интерес ни е, но и ни претстои сериозна работа посветена на развој на заеднички регионален пазар, кој во крајна линија ќе значи зголемување на атрактивноста на регионот за странските инвеститори.
>
Интензивирањето на сите иницијативи кои ќе придонесат кон обединување и приближување на регионот до ЕУ се исклучително важни. Кризата со која се справуваме јасно покажа дека соработката со соседите, регионот, и со ЕУ е единствениот начин како ќе се справиме со сите предизвици кои кризата ги постави пред нас.
М. Д.












