Студентите се наши деца и имаат право на свој глас. Јас додека сум претседател на Владата, гласот на студентите ќе се слуша. Студентите ќе бидат дел од процесот, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски за време на неговата посета на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
Тој истакна дека „студентите секогаш имаат право да ги кажат своите ставови, конструктивно, а ние треба да сме тука да ги слушаме тие ставови – да разговараме и да преземаме мерки за подобрување на нивниот стандард. Бидејќи тие се иднината на оваа држава“.
И одлуките кои што јас ги носев, тие мачни одлуки за кои што ви зборував, тие одлуки ги носев за идните генерации. А идните генерации на оваа држава се токму тие студенти што сега седат во клупите на сите универзитети во државата, додаде Ковачевски.
Премиерот нагласи дека студентите никој не може да ги тргне од него и „никој нема да биде оставен сам и никој не е оставен сам“.