• Latest

Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство

May 23, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски: Взаемната доверба и пријателство со Ватикан е потврдена преку заедничкото историско, културно и религиско наследство

May 23, 2022 14:51
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски ја предводи државно-црковната делегација на аудиенцијата кај Папата Франциск, Светиот Отец на Римокатоличката Црква во Ватикан. По тој повод, премиерот Ковачевски, од Ватикан даде изјава за јавноста, известуваат од владината прес служба.

Премиерот Ковачевски укажа дека му претставува чест што ја има можност да ја предводам државно-црковната делегација на аудиенцијата кај Папата Франциск, Светиот Отец на Римокатоличката Црква овде во Ватикан.

Премиерот истакна дека посетата на Ватикан и средбата со Папата е една од централните активности за време на чествувањата што секоја година во Рим ги организираме по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, и тоа претставува убава можност да го изразиме нашето задоволство за зголемената динамика и одличните односи со Ватикан.

Имавме прилика да зборуваме за теми кои се од суштинско значење, но и од заеднички интерес за Република Северна Македонија и Ватикан. Уште еднаш посочив за огромната вредност на посетата на Папата Франциск на нашата земја во 2019 година, рече Ковачевски.
Според неговите зборови, овој историски настан беше потврда за високото ниво на взаемна доверба, разбирање и пријателство меѓу Република Северна Македонија и Ватикан. Нашата соработка и признание од страна на Ватикан е потврдена со тоа што ликовите како што е Света Мајка Тереза и Светите браќа Кирил и Методиј, кои се дел од нашето заедничко наследство, Ватикан ги прогласи за покровители на Европа.

Тој ја искористи оваа прилика за да ги потенцира темелните историски и културни врски меѓу Северна Македонија и Ватикан како движечка сила за унапредување на нашата соработка во повеќе области.

Ковачевски информира дека е отпочната иницијатива за потпишување на договор, односно конкордат помеѓу Северна Македонија и Светата Столица, со кој ќе се регулира статусот на Католичката црква во нашата земја и ќе се унапреди соработката во области од взаемен интерес.

Исто така, премиерот кажа дека од огромно заедничко значење и интерес е и натамошно унапредување на институционалната соработка меѓу Националната библиотека „Св. Климент Охридски“ и Ватиканската библиотека за соработка и размена на искуства во реставрацијата, конзервацијата и дигитализацијата на материјалите на книжното наследство, како и за соработка меѓу Архивот на Ватикан и Државниот архив на Република Северна Македонија.

Средбата со Папата Франциск, и особено средбата со државниот секретар Паролин,премиерот ковачевски  ги искористи и за разговор околу можностите за соработка во областа на високото образование со институтите на Ватикан. Тој посочи дека поттик за оваа наша заедничка желба доаѓа од успешната соработка помеѓу Папскиот универзитет „Урбаниана“ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

На мое огромно задоволство со Папата Франциск се согласивме дека поддршката на најранливите наши сограѓани во време на криза е суштината на нашето делување и политики. Во овој контекст би сакал да потенцирам дека почитувањето на разликите како еден од  столбовите на градењето на општество во кое има место за сите е пресликана во традицијата на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања како и негувањето на слободата и демократијата во Република Северна Македонија, изјави Ковачевски.
На крајот од изјавата, Ковачевски изрази увереност дека пораките за надеж и желба за просперитет во постпандемискиот период, но и во време на справување со најголемата криза досега, одекнуваат силно по посетата, и во тој дух верува дека плодната соработка со Ватикан ќе се продлабочи бидејќи ги делиме истите вредности на меѓусебно разбирање, поддршка за најранливите, еднаквост, толеранција и човечко достоинство.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ