• Latest

Ковачевски: За хаосот во Скопје се одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

December 5, 2022
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: За хаосот во Скопје се одговорни ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

December 5, 2022 13:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хаосот што во овој период му се случува на Градот Скопје е само поради неспособноста и бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицкоски, обвини денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

-Граѓаните мора да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ја има градската власт во Скопје. Предлози, односно кадри на ВМРО-ДПМНЕ се најзастапени во сите управни одбори и надзорни одбори на јавните претпријатија во Градот Скопје, вклучително и во ЈСП. И тие ја имаат одговорноста целосна за тоа што денес се случува во Скопје, беше дециден премиерот.

Ковачевски рече дека СДСМ им честитале победа на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ и на градоначалничката Данела Арсовска и оти како резултат на поразот тогашниот претседател на СДСМ и премиер поднесе оставка и од претседател на партија и од претседател на влада. Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, кажа тој, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска „беше пречекана со трубачи, со песната „Бела чао“.

-Таа беше облечена во бел капут. Цело ВМРО со зурли и тапани стоеше пред зградата и ја пречека свечено на бината во прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во ново блузонче со патент заедно со цело раководство ја пречекаа и кажаа дека го освоиле Скопје. Градоначалникот на Скопје, претседавачот на Градот Скопје се од ВМРО-ДПМНЕ. Членови на ВМРО-ДПМНЕ, директори се членови на ВМРО-ДПМНЕ и немаат никаква врска со СДСМ којшто е во опозиција во градот Скопје, рече Ковачевски.

Тој повторно обвини дека ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво не работи ништо. Потсети дека на 14 јануари кога се бирала неговата Влада, Скопје немаше парно што е обврска на градот Скопје и на тие кои го водат градот Скопје.

-Мојата Влада беше избрана на 16 јануари, на 17 јануари јас држев две седници на Владата на коишто морав да ги преземам ингеренциите за затоплување на градот Скопје и само заради тоа градот Скопје има затоплување. Тие сакаат знаете што да направат – истото што го прават денес. Ова што се случува во Скопје е организација на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и на никој друг. Тоа е нивна организација, рече Ковачевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ сакало на 17 јануари Скопје да нема парно, а ако Скопје нема парно греење електричната мрежа во Скопје не може да издржи потрошувачка на толку многу грејни тела што би се вклучиле во Центар, во Карпош, во делови на Кисела Вода и.т.н. – 63 илјади домаќинства доколку додадат грејни тела не можат да издржат трафостаниците.

-Тоа ЕВН го кажа и затоа го презедовме. Сите вие добивате сметки за парно дома коишто се субвенционирани од страна на Владата. Градот Скопје не го интересираше исто како што не го интересира превозот. Каде настана проблемот? Кога седнаа победниците на изборите тогаш видоа дека има оставено проекти од СДСМ – градоначалниците коишто пред тоа беа и раководителите на институции, бас-рапид транспортот, пречистителна станица во Скопје, Момин Поток клучка, патот за Визбегово, обврска да се направат кружните текови кај „Нова Македонија“ за да се поврзе подземната сообраќајница под „Лимак“, мостови Љубљанска – АСНОМ. Кажете ми една работа што е направена, праша премиерот.

Ковачевски обвини дека „кога се испокараа за провизии им текна генијална идеја – градоначалничката на Скопје била сега со нас.

-Е како била со нас? Каде била со нас? Не стоев јас со трубачи пред СДСМ. Таму беа трубачите во ВМРО-ДПМНЕ. Ние честитавме победа на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска за град Скопје, рече премиерот.

Праша исто така што е направено во Прилеп, во Битола, во Штип, во Кочани, отфрлајќи ги тезите дека имал тајни средби со Арсовска.

-Ако почнат и таму да се караат ќе почнат да викаат дека и тие со мене се гледале. Ниту сум имал тајни средби, ниту ќе имам тајни средби, ниту имам. Јас сум човек којшто сите мои средби ги најавувам и ги имам транспарентно и од сите има соопштение. Така било од прв ден до денес и така ќе продолжи да биде и во иднина, рече Ковачевски.

Обвини дека Скопје сега е заглавен град, како што држвата 11 години била заробена додека ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, како и дека следната година стасува за плаќање обврзницата за проектот Скопје 2014.

-Значи, самонаречениот градоначалник на Скопје Мицкоски, мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ, членовите на управните и на надзорните одбори од ВМРО-ДПМНЕ се единствените виновници што денес Скопје е заглавен град исто како што беа виновници што 11 години Северна Македонија сега, тогаш Македонија, беше заглавена држава според сите извештаи на сите меѓународни институции. Не заглавена, туку заробена држава бевме. Пет години ни требаше на меѓународните рангирања да ја вратиме државата во групата на држава во коишто владее демократија, рече Ковачевски.

Она што му го направија на Скопје, додаде тој, со проектот „Скопје 2014“ за којшто сега доаѓа да се враќа обврзницата, сега доаѓа да се враќа.

-Затоа Бесими информираше дека идната година мора да обезбедиме 1,5 милијарда евра за враќање. Епа над пола милијарда е стиропорот што паѓа околу зградава кога ќе дојдете, рече премиерот.

Истите луѓе што денеска држат прес-конференции, кажа тој, работеа на кампањата на Данела Арсовска да стане градоначалничка на Скопје.

– „Дрисла“ ја затворија, цело Скопје го блокирале. Зашто? Затоа што не ги бива. И една работа ќе им порачам. Јас овде излегувам заедно со министрите со конкретни проекти, немој они да се замајуваат со Отворени денови во општините па сега ќе собирале идеи. Тие дојдоа со програма на локалните избори на власт, во секоја општина вклучително и градот Скопје. Нула имаат реализирано. И ќе им порачам уште една работа до следните локални избори има уште две години и 10 месеци, лета времето, рече Ковачевски.

Премиерот одоговарајќи на новинарско прашање рече дека немал се уште средба со претседателот на АА Арбен Таравари.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Град СкопјеКовачевскиМицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ