• Latest

Ковачевски: Заедно со НАТО сојузниците ги јакнеме нашите позиции и обезбедуваме сигурност, безбедност и мир за нашите граѓани

July 2, 2022
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Заедно со НАТО сојузниците ги јакнеме нашите позиции и обезбедуваме сигурност, безбедност и мир за нашите граѓани

July 2, 2022 15:22
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во нашата земја, Кејт Брнз, денеска го посетија носачот на авиони „Хари С. Труман“.

„Безбедноста на една држава, нејзината стабилност, мирот и стабилноста во регионот е еден од основните услови кои обезбедуваат економски развој, просперитет и квалитетен живот за граѓаните.

Заедно со нашите сојузници од НАТО Алијансата, силно стоиме на позициите дека нашето заедништво е нашата најголема придобивка, гаранција за нашиот територијален интегритет и сигурност и воедно обезбедува перспектива и иднина за граѓаните.

Тоа го докажавме и со нашето единство и во пружањето поддршка, хуманитарна помош и медицински материјали за граѓаните на Украина, кои последните месеци се соочуваат со воената агресија од страна на Русија. Војната во Украина покажа дека нашата одлука за членство во НАТО беше успешна стратешка цел и ве уверувам дека продолжуваме во нашата определба за зголемување на безбедноста и јакнење на .демократијата, за исполнување на евроинтеграциската стратешка цел.

Заедно со членките во НАТО, покажувајќи несебична солидарност, учествуваме во обезбедувањето и зајакнувањето на демократските вредности, стандарди и права на сите граѓани, на сите земји на кои им е потребно.

Денеска, со нашето присуство на носачот на авиони „Хари С. Труман“, дел од НАТО флотата на Медитеранот го демонстрираме нашиот и капацитетот на нашите стратешки партнери, одбранбен капацитет, кои се дел од системот на Алијансата. Со денешната посета, на што сум особено горд, ја демонстрираме поддршката за операциите на американските поморски сили во Европа.

Овој импресивен воен брод, има капацитет да носи 90 авиони или хеликоптери, има носивост од 100,000 тони ѝ е дел од генерацијата на најголемите бродови-носачи на Соединетите Американски Држави.

Северна Македонија е дел од комплексниот систем за ефикасни оперативни задачи, насочен кон обезбедување ефикасна колективна одбрана и одржување на безбедноста. Нашата земја, заедно со партнерите, од најголемиот безбедносен и одбранбен сојуз во светот учествува и ќе продолжи активно да учествува во глобалните процеси за обезбедување мир, слобода и суверенитет.

Ние, заедно со НАТО сојузниците ги јакнеме нашите позиции за справување со сите конвенционални и неконвенционални закани и предизвици за сигурноста, безбедноста и за мирот.

Денес, повеќе од видливо е дека со овој наш стратешки влог, вложуваме во долгорочниот развој на нашата земја, ја обезбедуваме иднината на нашите деца, како рамноправен дел од најмоќниот воен сојуз во светот изграден и заснован на највисоките цивилизациски демократски вредности.“, изјави Ковачевски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ