• Latest

Ковачки ја избриша лажната фотографија за самитот на ОБСЕ откако беше разобличен од „Џабирите“ дека лаже

November 27, 2023

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Ковачки ја избриша лажната фотографија за самитот на ОБСЕ откако беше разобличен од „Џабирите“ дека лаже

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки продолжува со ширење лажни вести, концерт на Лепа Брена од Софија се обиде да го претстави како салата Борис Трајковски во Скопје каде што ќе се одржи министерскиот самит на ОБСЕ

November 27, 2023 13:49
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Неуспешен обид на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да шири лажни вести обидувајќи се да освои ситни политички поени. Последниот негов обид е објавена фотографија од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија да ја претстави како салата Борис Трајковски во Скопје каде што ќе се одржи Самитот на ОБСЕ.

Поставените столчиња и маси за концертот тој се обиде да ги претстави како уредувањето на салата Борис Трајковски, каде идната недела ќе се одржи самитот на ОБСЕ на кој ќе присуствуваат повеќе од илјада учесници од 70 странски делегации.

Обидот за дискредитација на министерскиот самит на ОБСЕ за време на претседавањето на Северна Македонија со организацијата од страна на Ковачки само покажува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно застанува против државата и стратешките интереси.

Откако е разобличен пратеникот Ковачки дека шири дезинформации, тој ја избриша фотографијата и наместо да им се извини на граѓаните, тој „се жали од Џабирите“, дека не му дозволија слободно да си лаже и да прави политичка пропаганда. Односно признава дека само 3 минути имал можност да ги лаже граѓаните.

„Гледам дека мнозина Џабири и неколку перјаници на СДС оркестрирано се загрижија за Самитот на ОБСЕ. Добро е што ревносно ги следат сите мои постови, па и оној редок случај кој откако приметив дека фотографијата не е вистината веднаш го избришав. Постот траеше 3 минути, ама срамот на оваа власт, маката и пљачката на граѓаните трае 7 години“, напиша на социјалните мрежи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Ова не е прв пат Ковачки, кој ја напушти Армијата за да биде пратеник, да споделува лажни вести во обид да креира револт и освои ситни политички поени.

Претходно тој објави дека во Косово биле уапсени припадници на военото разузнавање, вест која што сите служби ја демантираа.

Исто така претеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку објава на социјалните мрежи се обиде да ги вознемири граѓаните ширејќи невистини за наводно нелегално присуство на полициските службеници од Косово, кои всушност дојдоа да помагаат во потрагата по возилото од Косово кое падна во реката Лепенец пришто загинаа три лица.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ