Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 101 случај на Ковид-19 од направени 1.299 тестирања. Во исто време, регистрирани се и 17 починати лица од кои 13 во претходното деноноќие, како и 393 оздравени пациенти.
Најголем дел од новите случаи на Ковид-19 се од Скопје (59), а 10 се откриени во Кавадарци. Во останатите градови има едноцифрен број на новооткриени случаи. Според информациите што ги објави Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје, во Битола се регистрирани осум нови случаи, во Прилеп 7, во Штип 3, во Тетово, Гостивар, Велес, Кочани и Неготино по 2 и во Кичево, Ресен, Валандово и Македонски Брод по еден нов случај.
Од починати 13 пациенти најмладиот е на 35 години и е од Македонска Каменица. Шест од починатите се од Скопје (39г, 71г, 74г, 77г, 80г и 81г), двајца од Куманово (75г и 80г) и по едно починато лице има од Берово (77г), Битола (69г), Велес (71г), Македонска Каменица (35г) и Ресен (76г). Сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се четири починати лица во периодот од 29.11.2021 до 04.12.2021. Починатите се од Скопје (2), Струмица (1) и Битола (1) и се на возраст од 58 до 78 години. Три лица се починати во домашни услови и едно лице е починато во болнички услови.
Бројот на активни случаи е 5.775.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 95111, Активни 2768
Куманово 12941, Активни 201
Тетово 11344, Активни 103
Прилеп 10318, Активни 321
Битола 8823, Активни 521
Гостивар 8069, Активни 19
Велес 7342, Активни 176
Кавадарци 7050, Активни 228
Штип 6614, Активни 116
Охрид 6522, Активни 200
Струмица 6136, Активни 118
Кичево 4228, Активни 36
Кочани 4020, Активни 112
Струга 3909, Активни 37
Гевгелија 2811, Активни 83
Неготино 2574, Активни 45
Свети Николе 2126, Активни 48
Крива Паланка 1906, Активни 76
Ресен 1756, Активни 55
Радовиш 1741, Активни 53
Берово 1460, Активни 71
Дебар 1456, Активни 2
Делчево 1415, Активни 105
Виница 1161, Активни 21
Пробиштип 1126, Активни 26
Валандово 948, Активни 41
Кратово 776, Активни 34
Богданци 645, Активни 22
Демир Хисар 617, Активни 49
Крушево 593, Активни 32
Македонски Брод 499, Активни 11
Демир Капија 425, Активни 4
Македонска Каменица 418, Активни 27
Пехчево 352, Активни 9
Дојран 168, Активни 5.
Досега во земјата направени се вкупно 1.485.944 тестирања. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 217.400, а бројот на оздравени пациенти е 203.967. Починати се 7.658.