• Latest

Коѕијас: Дојде моментот да се каже големото „да“ или големото „не“

June 5, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас: Дојде моментот да се каже големото „да“ или големото „не“

June 5, 2018 08:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека доаѓа моментот да го кажеш големото „да“ или големото „не“ и ги разбираш тешкотиите што се наоѓаат пред тебе, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ во однос на последните случувања во преговорите меѓу Македонија и Грција.

– Имам чувство дека раководството во нашата земја пријател на север, раководството во Скопје сега, кога треба да завршиме со ова, ги сфати големите тешкотии што постојат за имплементација на договорот и ова одигра улога да сака одново да го разгледа договорот, да разговара за одредени појаснувања за самиот договор, но длабоко сум убеден и се надевам дека ова, набргу, за неколку дена ќе се надмине, рече Коѕијас.

Тој објасни дека тоа е негово чувство дека ќе се затвори прашањето, но истакна дека „никогаш не треба да се вели никогаш, сѐ додека не паднат потписите“ и изрази надеж дека тоа ќе се случи набргу. Додаде дека 5-10 дена порано или подоцна, не прават голема разлика.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција не сакаше да открие кое е договореното име бидејќи „тоа е вклучено во пакетот и ќе треба да го објават двете влади, односно двајцата премиери“.

Од пакетот пет имиња предложени од медијаторот Метју Нимиц, Коѕијас рече дека во игра се три („Република Северна Македонија“, „Република Горна Македонија“ и „Република Нова Македонија“), откако „Република Македонија (Скопје)“ било отфрлено од грчка, а „Република Вардарска Македонија“, од македонска страна.

Во однос на договорот, шефот на грчката дипломатија откри дека е на 20 страници, на почетокот бил 17, потоа стигнал до 19, за конечната верзија да биде на 20 страници.

За ратификацијата и имплементацијата на договорот, рече дека ќе се следат конкретни чекори, како што се ратификација во македонското Собрание, па референдум и уставни промени, а потоа зелено светло од грчкиот Парламент.

– Најпрво потребна е ратификација на договорот во Собранието во Скопје. Самото Скопје, не ние, решаваат да одржат референдум, сакаат да одржат референдум. Референдумот не го наметнуваме ние, не го бараме ние, не го наметнува никој, тоа е политичка одлука, да се задржи даденото ветување и ние, од наша страна целосно ја почитуваме оваа одлука. Ние треба да го разбереме следното: тоа за нив не е само еден едноставен компромис, тие ќе го сменат името на нивната држава. И тоа колку што знам, во историјата само еднаш се има случено во централна Европа, со Австро-Германците, рече Коѕијас.

Тој оцени дека ако договорот се склучи набргу, во македонското Собрание ќе стигне во следните седмици, референдумот веројатно би бил на есен, додека пак по референдумот, би се направиле уставни промени.

– Мислам дека ако помине на референдумот, тогаш и претседателот на пријателската земја и пратениците ќе ја земат предвид народната волја. Мислам дека тоа е една обврска, вели шефот на грчката дипломатија во однос на тоа каков би бил ставот на македонскиот претседател и опозициските партии.

На прашањето кога договорот би пристигнал во грчкиот Парламент, Коѕијас објаснува дека „договорот ќе ги предвидува предусловите за ратификација и дека нема да може да биде пред референдумот во Скопје“.

Министерот за надворешни работи на Грција, прашан за тоа дали постои можност да се направат промени во договорот, вели дека „сѐ што требаше да се направи, е направено“ и објасни дека со неговиот македонски колега во неделата вечерта на средбата во Брисел, до раните утрински часови одново го разгледале договорот завршен два дена претходно во Њујорк и стигнале до промените што требало да се направат.

Никос Коѕијас вели дека има волја и од двете влади за да се најде компромисно решение, нешто што е нормално во меѓународните односи.

– Мислам дека раководството на ПЈРМ носи многу тешка и правилна одлука за која е потребна голема политичка храброст, голема политичка зрелост и мислам дека тоа го покажуваат и ќе го покажат. Исто така, мислам дека ги објаснуваат и придобивките што постојат за нивната страна, вели Коѕијас.

Во однос на специјалниот претставник на ОН во разговорите за името, шефот на грчката дипломатија рече дека „Нимиц се наоѓа пред најголемиот успех во неговиот живот, бидејќи ќе заврши нешто на кое работи 25 години“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција во синоќешното опширно двочасовно интервју на грчка државна телевизија ЕРТ, говореше за грчките влади во минатото што го прифатиле предлогот Македонија – Скопје, за македонскиот јазик признат во ОН уште во 1977, за предлогот Илинденска Македонија, што беше отфрлен од грчка страна, за ставот на опозициските партии кај јужниот сосед, но и за како што рече „демократското право на Каменос да не гласа“ за договорот во грчкиот Парламент.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: имеконечноКосијасМакедонијапредлогрешение
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ