„Актуелната власт во изминатите година дена од владеењето по одржаните парламентарни избори, се обиде да ја одржи формулата на успех која ВМРО-ДПМНЕ макотрпно ја градеше по поразот на одржливоста на масовната хипноза што груевизмот ја имаше врз гласачите во земјава и што го одржа на власт 11 години.
Имено, познатите „бомби“ кои ги открија – до самото дно – моралните хаварии на екипата на Груевски и пред финансиските махинации, се одржуваше со измислениот балансер од типот „ние крадевме ама и градевме“. Оваа максима кај народот со многу низок коефицент на интелигенција (под неопходнодниот коефицеиент од 81,9) и со ниска техничка култура (во таа категорија влегуваа 60 отсто од населението) просто некако легна, особено откако медиумите останаа под суверена контрола на вмровското сидро.
Христијан Мицковски како наследник на Груевски се обидува да „лови риба“ на истиот мамец, односно на тој лозунг „можете да ни замерувате за многу работи, ама не и за тоа дека ние, сепак, многу градиме“ и тоа треба да се награди. Јасно, и статистичките податоци што се јавно објавени покажуваат дека оваа власт во првите шест месеци од своето владеење (до Новата година) просто имала голема одбивност кон капиталните инвестиции, токму оние со кои сега се кити!
Според истражувањето на Порталб.мк, капитални расходи, за половина година (втората половина од 2024 година) има реализација од само 26,2%. Седум министерства за половина година потрошиле помалку од 10% од годишната сума за капитални расходи. Највисока реализација од 99,5% има во Министерството за односи меѓу заедниците, но се работи за буџет од околу 9.000 евра, пишува Порталб.мк.
„Моторот“ на јавните инвестиции се ресорите кои располагаат со милионски буџети за оваа намена – само еден ресор од оваа група успеал да оствари над 50% од планот, а другите не успеале да реализираат ниту третина.
Па ако не се издвојуваат веќе издвоени пари од каде пари за тако користење на ножичките на пригодни и на толку датуми од страна на Мицковски и братијата?“
Извадок од колумната „ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко“, од Љубомир Костовски за ЦивилМедиа.