По повод парламентарните избори што денеска се одржуваат во Германија, ЦивилМедиа контактираше со Марион Краске, политичка аналитичарка, поранешна регионална директорка на Фондацијата Хајнрих Бел.
Ја прашавме Краске за поширокиот контекст и влијанието на Германија и изборите во земјата на европските и балканските текови.
„Денеска во Германија гласаме за сигурна иднина во Европа – за жал не сите засегнати страни го слушнаа повикот за будење. Треба да започнеме сериозна политика на задржување кон сите видови неофашизам. Безбедносната состојба во Европа е сериозно влошена. Затоа ни треба нова посветеност на ЕУ кон балканските земји. Стратешкото партнерство со демократските сили е задолжително, Брисел мора да стави крај на смирувањето кон етно-националистичките и проруските актери во регионот“, изјави Краске ексклузивно за ЦивилМедиа.
Биљана Јордановска