• Latest

Креативна Европа на ЕУ, поттик за културна соработка

November 13, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Креативна Европа на ЕУ, поттик за културна соработка

November 13, 2017 11:42
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Конференција на тема „Креативна Европа на ЕУ – поттик за културна соработка“ денеска се одржува во Скопје, во организација на Министерството за култура во соработка со Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија (Сектор за култура), јавува МИА.

На конференцијата се обрати министерот за култура Роберт Алаѓозовски,  на темата „Патот на Западен Балкан кон ЕУ: Културата има своја улога“, како и шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар,  на темата „Зошто културата е важна за Европската унија?“, раководителот на Секторот за култура од Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура при Европската комисија, Карел Бартак.

Програмата „Креативна Европа“, како инструмент на ЕУ наменет за реформи во културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор, со својата комплексност опфаќа повеќе аспекти на европската културна соработка која се спроведува во рамките на актуелните политики на ЕУ, како што се надворешната политика, регионалната соработка, политиката за проширување, културната дипломатија и сл.

Во оваа насока, во рамки на конференцијата детално ќе бидат разгледани овие теми со цел до македонските културни оператори да се приближи комплексниот контекст на програмата и нејзината улога во евроинтеграциските процеси.

На конференцијата ќе биде опфатен и практичен дел којшто се однесува на досегашните резултати од спроведувањето на програмата на европско ниво, како и тековните повици за аплицирањеза потпрограмите  „Култура“ и „Медиа“. Во рамките на овој дел првпат ќе учествува Бартак кој директно ќе ги пренесе ставовите и критериумите на Извршната агенција до македонските оператори.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: конференцијакреативна ЕвропаКУЛТУРАРоберт АлаѓозоскиСемуел Жбогар
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result