Ширењето дезинформации за Ковид-19 во некои земји може да ви донесе вистинска неволја. Грчкиот Екатимерини објави дека „адвокат бил уапсен заради ширење на погрешни информации за Ковид“.
На 22.11.2021 Екатимерини извести дека „Адвокат е обвинет за ширење на лажни вести за Ковид 19“. Адвокатот бил обвинет според нов грчки закон усвоен на 12 ноември, затоа што тврдел дека нема коронавирус, дека немало добри разлози за интубирањето на пациенти и дека вакцините против Ковид 19 се опасни.
Ќе го следиме и овој случај и во наредните епизоди на „Кратки нозе“ ќе ве информираме за постоечките закони за борба против лажни вести во Грција и во други земји.
За жал, кај нас, дури и кога го загрозуваат јавното здравје и може да се толкуваат како кривични дела, ваквите дезинформации поминуваат неказнето. Веројатно тоа е една од работите што треба да се промени, доколку сакаме поефикасна борба против дезинформациите.
Автор и водител: Петрит Сарачини
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски