• Latest

Кредитот од ЕБОР за регионалните депонии пред финално одобрување, општините да не ги кочат проектите

January 28, 2022

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Кредитот од ЕБОР за регионалните депонии пред финално одобрување, општините да не ги кочат проектите

January 28, 2022 13:45
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пред финално одобрување е кредитот во висина од 55,3 милиони евра за изградба на современите депонии за секој одделен регион во земјава. Следната недела кај нас доаѓаат експерти за животна средина и отпад од Лондон, така што владините очекувања се дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во брзо време ќе го одобри кредитот со којшто Северна Македонија конечно ќе може да ги воспостави регионалните системи за управување со отпад, пишува Мета.мк.

Сепак, досегашното искуство за одложување на изградбата на регионалните депонии не доаѓаше од непостоењето финансиски средства, туку првенствено од блокадата на општините и месното население каде што требаше да се градат ваквите проекти, коишто би овозможиле наместо на десетици места, отпадот да се одлага само на едно место за секој одделен регион од земјава.

Општина Свети Николе е последниот пример за блокада на изградбата на регионалната депонија за Источен и Североисточен плански регион. Во 2019 година идентичниот потег се случи со Општина Дебарца за регионалната депонија за Југозападниот плански регион, а Општина Гостивар во неколку наврати периодов навестуваше дека не сака „Русино“ да биде регионална депонија за Полошкиот регион.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини вели дека изградбата на регионалните депонии е еден од најважните проекти на национално ниво, поаѓајќи од фактот дека досега немаме ниту една инвестиција во регионален систем за отпад.

„Важно и задолжително е локалните самоуправи самите да соработуваат и да изнајдат решенија да направат регионални јавни претпријатија кои ќе ги менаџираат депониите, а ние како централна власт ќе им дадеме секаква поддршка. Важно е и да соработуваат и со нас и да немаме опструкции. Отпадот е голем проблем во земјава и решението е можно само ако сите соработуваме“, нагласува министерот Нуредини.

Тој додава дека веќе се определени локациите за изградба на регионалните депонии, и тоа за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион во Општина Новаци, за Вардарскиот и Југоисточниот плански регион во Општина Василево и за Полошкиот плански регион „Русино“ во Општина Гостивар. Средства се веќе обезбедени за реализацијата на капиталниот проект за Североисточниот и Источниот плански регион што треба да се лоцира во Општина Свети Николе, додека за Скопскиот регион останува во функција депонијата „Дрисла“.

„Не ни треба секоја година да добиваме барања од општините да правиме нови планови за депонии и да бараме нови локации за депонии. Времето го трошиме само на изработка на документации, имаме не знам колку проекти и анализи, но ниту една инвестиција и изградена инфраструктура за третман на отпадот во земјава“, вели министерот Нуредини.

Тој додава дека земјава конечно е во позиција да добие средства од ЕБОР за регионалните депонии, за Полошкиот регион дел од финансиите ќе се обезбедат и од Швајцарија, додека со финансии од ЕУ ќе се изведува современата фабрика за отпад во Општина Свети Николе.

Владата на РСМ лани одлучи да побара средства од ЕБОР за депониите по стандарди на ЕУ, кои ќе овозможат на една локација во секој одделен регион да се одлага собраниот отпад, без притоа да се загадуваат водите, почвата и воздухот.

Европската Комисија (ЕК) во Извештајот за реформскиот напредок со години наназад ја критикува Македонија дека нема воспоставено регионални системи за управување со отпад, забелешка што е присутна и во последниот Извештај за 2021 година. Од ЕК побараа годинава да се преземат значајни чекори за да се промени ваквата негативна состојба. Нашата земја веќе 18-та година ветува дека ќе ги изгради регионалните депонии, но договарањето на локациите за нивна изведба постојано се проблематизира. Во идентичниот период, соседна Србија за само неколку години успеа да изгради 10 од вкупно 26 регионални депонии што се потребни на нејзината територија.

Мета.мк веќе подолг период наназад пишува дека ако Македонија сака да стане членка на ЕУ, тогаш ќе мора да го реши прашањето за управување со отпадот. Прв приоритет е изградбата на регионалните депонии, чија изведба по нови стандарди треба да ја спречи актуелната состојба со палење на депониите и истекување на исцедокот од депониите што ја загадува почвата и водите. Втор приоритет е третманот на отпадот, и тоа рециклирање на дел од отпадните материјали, компостирање на биолошкиот отпад и согорување на дел од отпадот по пат на инсинерација, со цел да се минимизира количеството на ѓубре што ќе заврши на депонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ