Глобалниот контекст драматично се промени: повторно се појавија геостратешки пукнатини на повеќе фронтови со голем број политички, економски и социјални последици.
Реалполитиката не е повеќе само остаток од Студената војна. Глобалните заеднички ресурси не можат самите ниту да се заштитат ниту да се лекуваат. Политички, нови и наративи на разделување го трансформираат владеењето. Економски, политиките се формулираат за да се сочуваат придобивките од глобалната интеграција, а воедно ограничувајќи ги заедничките обврски како што се одржливиот развој, инклузивниот развој и управувањето со Четвртата индустриска револуција. Социјално, граѓаните копнеат за одговорно лидерство; а сепак, колективната цел останува недофатлива и покрај сé поголемото проширување на социјалните мрежи. Социјалниот договор меѓу државите и нивните граѓани продолжува да еродира цело време.
48-от годишен состанок на Светскиот економски форум има за цел повторно да се посветат лидерите со најразлични професии кон развивање на заеднички наратив за подобрување на состојбата на светот.
Програмите, иницијативите и проектите на состанокот се насочени кон Креирање заедничка иднина во поделениот свет, тема на Годишниот состанок 2018. Со заедничкиот собир на почетокот на годината, можеме да ја обликуваме иднината по пат на приклучување кон овој неспоредлив глобален напор во ко-дизајнирање, ко-креирање и соработка.
Очекувани бројки од Форумот
- Преку 3,000 учесници од повеќе од 110 земји (21% се жени)
- Повеќе од 340 јавни личности, вклучувајќи над 70 шефови на држави и влади и 45 шефови на меѓународни организации
- Над 1,900 бизнис лидери од сите индустрии
- 230 медиумски претставници и речиси 40 културни лидери
- 50 Глобални обликувачи, 35 претприемачи и 80 Млади глобални лидери
- 32 Пионери на технологијата
- 70 лидери на граѓанското општество, синдикати и верски организации
- Над 400 сесии и работилници
- Повеќе од 160 сесии пренесени во живо на интернет