• Latest

Критична маса #81: Време е за институционална (р)еволуција

May 27, 2019

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Критична маса #81: Време е за институционална (р)еволуција

May 27, 2019 11:06
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иницијативата НаТочак во среда, 29 мај, со почеток во 17:30 ќе одбележи 7 години од првиот одржан настан, со заедничко возење на влеосипеди на скопските улици. „Критична маса во Скопје, па и во другите градови се профилираше како граѓански собир со јасни недвосмислени цели: подобри инфраструктурни услови за возење точак како превоз за сите граѓани од сите генерации и способности (не само за највештите и спортистите), градови кои се вело-пријателски, каде при планирањето на улиците, велосипедскиот е барем еднакво важен како автомобилскиот сообраќај, градови каде може да се стигне на точак безбедно и удобно од било која до било која точка без прекин, градови кои ги имаат здравјето, безбедноста во сообраќајот, заштитата на животната средина како приоритет во своите сообраќајни и други политики“, стои во нивниот повик.

Кртична маса #81 стартува на плоштад Македонија, а завршува со журка во Градски парк каде и ќе ги упатат нивните барања.

„Ќе се обидеме да ги издвоиме најважните барања кои на еден или друг начин сме ги упатиле досега до институциите на кои ќе го посветиме овој 7-ми роденден:
-Бараме да се донесе Правилник за проектирање велосипедска инфраструктура (во процедура е, но треба да се посвети поголемо внимание и да се донесе поскоро зашто во меѓувремето се проектираат субстандардни патеки, особено во другите градови).
-Бараме Владата да ги обврзе сите поголеми градови да донесат План за одржлива мобилност и тие планови да бидат со реални мерки и обврски, а не само приказни.
-Бараме Стратегија за велосипедски сообраќај на ниво на држава, за градско, но и за меѓуградско поврзување. Таа би била целосно во насока на заложбите за чист воздух, но и за развој на одржливиот туризам.
-Бараме јавен превоз (особено железнички) каде ќе биде дозволено и поттикнувано превезувањето и комбинирањето со велосипеди. Сите нови возови и автобуси да имаат можност за превезување на велосипед, а старите да се адаптираат.
-Бараме поскоро донесување на Планот за велосипедски сообраќај на Град Скопје и прифаќање на нашите забелешки.
-Бараме современ автоматизиран Систем за изнајмување велосипеди во Скопје, па и во другите поголеми градови.
-Бараме паркингот за велосипеди да биде задолжителен за сите нови објекти како што е задолжителен паркингот за автомобили. На едно место за автомобил собира 10 велосипеди, оваа обврска е смешно мала за инвеститорите, а ќе значи огромна практичност за жителите.
-Бараме донесување на Визија Нула по примерот на Шведска на национално ниво со цел намалување на бројот на жртви од сообраќај постепено до нула. Можно е!
-Бараме во таа насока спроведување на патни диети на сите поголеми улици во Скопје и другите градови (стеснување на автомобилските ленти, некаде и намалување на бројот на автомобилски ленти, а воведување ленти за велосипеди, специјални ленти за јавен превоз, ослободување простор за повеќе зеленило)
-Бараме физички мерки за смирување на сообраќајот на сите улици низ цела држава, најпрво во околината на училиштата и градинките, а потоа по сите станбени улици.
-Бараме поврзување на Скопје по текот на Вардар по целата должина од двете страни од западниот до источниот крај на градот, ослободување на прекините од градежни активности, доградба на патеки онаму каде што е потребно, поврзување со краци со останатата мрежи, повеќе велосипедски возливи рампи, повеќе пешачко-велосипедски мостови. Кејот на Вардар треба да биде нашиот велосипедски автопат. А текот на Вардар низ Македонија треба да стане велосипедска магистрала север-југ и дел од европската Еуро-вело мрежа како дел од Рута 11.
-Бараме силна посветеност на полицијата во справување со проблемот со паркирање на пешачки и велосипедски површини. Јавниот простор им припаѓа на луѓето, а не автомобилите.
-Бараме поскоро воведување на комунална полиција со цел попрактично решавање на овој проблем.
-Бараме сообраќајните правила-теоријата и практичните вештини за возење велосипед да бидат задолжителен дел од наставната програма во основното образование.
-Бараме воведување на велосипедски сообраќајни полигони (трајни или мобилни во рамки на училиштата и трајни на локации низ градовите)
-Бараме да се посветат одреден број часови на односот кон ранливите учесници во сообраќајот, како и практично возење на велосипед во рамки на образованието во авто-школите.
-Бараме сите институции, сите станбени и комерцијални објекти, како и сите јавни простори да бидат направени пристапни за тркалата, на инвалидските, детските колички и велосипедите“, велат во повикот упатувајќи дека е време за институционална (р)еволуција која ќе го фати чекорот со предизвиците на 21 век: климатски промени, загадување, бучава, нездрав начин на живот, физичка неактивност, жртви во сообраќај.

НаТочак повикуваат дека е време да се даде приоритет на пешачењето, возењето велосипед и јавниот превоз.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ