• Latest

Критичниот момент за пописот ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април

February 24, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

Критичниот момент за пописот ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април

February 24, 2021 11:47
in ВЕСТИ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за статистика вчера го објави јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во периодот од 1 до 21 април годинава. Главен услов е тие да немаат засновано работен однос и да завршиле средно образование.

Заводот за статистика од пријавените ќе одбере 5.055 попишувачи и 506 реонски инструктори, кои во март ќе бидат обучени за пополнување на апликацијата за попис, а обуките ќе ги спроведат 150 државни инструктори кои први ќе поминат низ обука наредната недела.

Според Заводот за статистика, ќе се почитуваат пропишаните здравствени протоколи, а добро би било доколку сите инструктори и попишувачи бидат во приоритетната група за вакцинирање. Попишувачите ќе добијат маски и друга заштитна опрема, а кај болните и кај лицата во изолација ќе влегуваат со мантили и визири, според безбедносните протоколи.

Директорот на Заводот Апостол Симовски вели дека критичниот момент за пописот ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април. Тоа значи дека починатите граѓани и родените бебиња по овој критичен момент нема да влезат во статистиката. Семејствата или блиските роднини ќе треба да дадат информации за починатиот член доколку тој починал по критичниот момент, но пред да пристигнат попишувачите во нивниот дом.

– Ние имаме критичен момент и ја гледаме состојбата заклучно со тој датум. Ако лицето било живо до тој момент, но починало пред да пристигнат попишувачите, тогаш тоа лице ќе се брои и ние ќе земеме податоци за тој човек. Од друга страна, ако се роди дете по критичниот момент, тогаш тоа бебе нема да влезе во статистиката. Тоа се прави за да се утврди точната состојба до одреден датум. Тој момент е полноќ помеѓу 31 март и 1 април, па сите податоци се собираат само до тој ден. Кога ќе ве прашаме дали во текот на изминатата недела сте работеле за дополнителен хонорар, тогаш ние мислиме за последната недела од март, иако попишувачите можат да пристигнат во домот на 15 април, на пример, појасни Симовски за Плусинфо.

Подготовките за спроведување на пописот течат и засега не се забележани никакви проблеми. Од 1 март започнува самопопишувањето, како и попишувањето на лицата во Армијата и во дипломатско-конзуларните претставништва. Обуките на попишувачите почнуваат од 15 март.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ