• Latest

Кривичен со реакција за „27 април“: Апелација една година чува случаи во фиока

April 4, 2023

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев. ЦИВИЛ Меида. Фото извор: ОЦЦПР

Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

October 31, 2025
Фото архива на ЦИВИЛ (Б. Јордановска)

Гласање во вториот круг на Локални избори 2025 – што треба да знаат граѓаните

October 31, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Газа ризикува да се лизне во смртоносна неизвесност на „нема војна, нема мир“

October 31, 2025

Бруталната граѓанска војна во Судан – што се случи во Ел Фашер?

October 31, 2025

Едно ливче – еден глас: Како се гарантира фер изборен процес

October 31, 2025
Фото: Фејсбук на Данела Арсовска

Условна казна затвор од две години за нападот врз Арсовска во Чаир, обвинетиот Нурадини покажа каење

October 31, 2025
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кривичен со реакција за „27 април“: Апелација една година чува случаи во фиока

April 4, 2023 14:36
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Апелациониот суд Скопје, можел брзо и мериторно да одлучи по жалбите на обвинетите лица, особено што причина за укинување на затворските казни е примената или неприментат на Законот за амнестија, како што е наведено во нивното соопштение, без притоа да навлага во анализа на доказите и утврдување на фактичката сосотјба, особено што предметот повеќе од една година се наоѓал во нивно надлежно постапување.

Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари. Мора да се има во предвид дека со укинување на пресудата и нејзино враќање на повторно постапување, се прават дополнителни трошоци, одолговлекување и загрозување на правото за судење во разумен рок, кое е на штета на сите нас, се вели во реакцијата на Кривичен суд на соопштението на Апеалциониот суд Скопје во однос на одлуката за предметот во јавноста познат како „Организатори 27 – ми април“.

„Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат Законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе допринесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок.
Сите високо профилни предмети, без разлика на статусот на обвинетите, во Кривичниот суд, се водат во крајно транспарентна постапка со присуство на медиумите, невладините организации и претставниците на меѓународните организации кои ја следат и ценат работата на правосудните органи.

Нешто што е признаено и пофалено како пример и од меѓународнот фактор, но и од домашната јавност, што пак не е пример при одлучување во повисоките судови. Па во тој правец, но и во однос на јавните коментари, пред се од Министерот за правда, апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста. Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука.

Сосема на крај, во правец на изјавата на Министерот за правда, како суд ги повикуваме медиумите и стручната јавност да анализираат каде и заради кои „суштествени повреди“ предметите со години чекаат правосилност и застаруваат, а граѓаните ја губат довербата во судството“, се додава во реакцијата.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АпелацијаКривичен
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ