• Latest

Кривична пријава за „злоупотреба“ тешка над 400 милиони денари

May 22, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривична пријава за „злоупотреба“ тешка над 400 милиони денари

May 22, 2019 15:09
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како Претседател и член на  Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија до јуни 2018 година, С.Ј. (61), вработена како член на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, В.К. (65), вработен како член на  Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до март 2017 година и Е.М.В. (51), вработена како член на  Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија до декември 2017 година, а поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 став 1 од КЗ на РСМ“, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, пријавените во својство на службени лица, Претседател и членови на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, со искористување на својата службена положба и овластување и со пречекорување на границите на своето службено овластување, постапиле спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, при што во декември 2012 година на три правни субјекти им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности (регулирано производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија), без при тоа да бидат исполнети условите и критериумите објавени во ноември 2012 година со Јавен повик за избор на носител на лиценца за регулиран производител на топлинска енергија, Јавен  повик за избор на носител на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија и Јавен  повик за избор на носител на лиценца за снабдување на топлинска енергија.

„Според документираните сознанија од истрагата тие, кршејќи ги одредбите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности, во декември 2012 година, донеле Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител, на правното лице Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ, Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергја на правното лице Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ и Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност снабдување со топлинска енергија на правното лице Снабдување со топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ.

Покрај ова пријавените, од позиција на Претседател и членови на Регулаторна комисија за енергетика на Р. С. Македонија, ја злоупотребиле својата службена положба и овластувања и ги пречекориле границите на своите службени овластувања, и со тоа што во 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година, противправно и спротивно на Правилникот за цени и системски услуги, донеле Одлуки за утврдување на регулиран максимален приход за производство на топлинска енергија за греење, надоместок за системски услуги и системска резерва и тарифен став за произведена топлинска енергија, Одлуки за утврдување на регулиран максимален приход и тарифни ставови за вршење на енергетската дејност снабдување со топлинска енергија и Одлука за утврдување на регулиран максимален приход за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија, со што на правните субјекти на кои претходно, противправно, им доделиле лиценци за вршење на енергетски дејности им се признавал трошок поголем од дозволениот и со тоа им било овозможено да остварат приход поголем од регулираниот дозволен максимален приход.

Со преземање на горенаведените дејствија, односно со носење одлуки спротивно на Законот за енергетика, Правилникот за лиценци за вршење на енергетски дејности и Правилникот за цени и системски услуги, Д.П., С.Ј., В.К. и Е.М.В. му овозможиле на правното лице Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ, а на штета на граѓаните – да оствари противправна имотна корист во вкупен износ од 409.549.941 денари или 6.659.349 евра“, се вели во соопштението.

Share128TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ