На интернет се појави страница „Убијците на Кочани“ во која е споделена фоотомонтажа со крвави лица од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни Панче Тошковски и директорот на БЈБ, Александар Јанев.
„Го поставуваме овој дигитален споменик, да се знае дека, Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Александар Јанев со нивната корупција се одговорни за смртта на децата во Кочани кои трагично ги изгубија своите животи на 16-ти, Март 2025 година. Нека почитиваат во мир“, стои во објавата.
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагираше на, како што наведуваат, „срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани“ преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон премиерот и други функционери. Од партијата велат дека ваквите материјали претставуваат организирана кампања за манипулација и бараат итна реакција на институциите.
Сајтот ubijcitenakocani.com бил регистриран вчера, на 16 септември, без јавни податоци за сопствениците. Иако нема податоци и докази кој стои зад сајтот, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека зад него стојат структури блиски до Венко Филипче.
„Ако сака Венко да направи разлика, тогаш нека излезе јавно да се извини и осуди ваквата омраза која тој ја стимулира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера се одбележа пола година (6 месеци) од трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани, во која загинаа 62 лица.
ЦХМТ