„Не само што не сме отпорни на манипулациите туку дури и медиумите се тие што често ги поттикнуваат и затоа голема е одговорноста на уредувачките политики. Тие не би требало, како што има појави, по секоја цена да форсираат партиски содржини во кои, освен меѓупартиски бламажи нема ништо суштинско ниту за државата ниту за граѓаните“, рече директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Александар Кржаловски, при промоција на публикацијата на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) – „Вон фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“.
Тој ја потенцираше и важноста на невладините организации во развојот на демократијата кои и покрај различните гледишта по многу клучни општествени теми и состојби во државата, заедно со медиумите се клучот за контрола врз државните институции, додаде Кржаловски.