Конфедерацијата на слободни синдикати и СОНК, утре најавија голем социјален протест на плоштадот „Слобода“ во Штип. Тие бараат од Владата покачување на платите во јавниот сектор согласно процентот за колку е качена минималната плата и да започне со исплата од јануари, оваа година. Исплата на К-15 за јавната администрација и стоп за трансферот од јавен во приватен сектор.
Од СОНК се надеваат дека утре нема да има закажано наставнички совети и семинари, какво што беше искуството од минатиот протест на 15-ти декември во Прилеп.
„Ден пред одржување на протестот беа закажани разно-разни активности во училиштата, каде што имаше опструирање или спречување на протестот, меѓутоа КСС е голема конфедерација со бројно членство“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.
Доколку Владата не ги исполни барањата, КСС ќе се радикализира, односно можно е јавната администрација да стапи во генерален штрајк.
Д. М.