• Latest

КСЗД утври вознемирување врз етничка, религиска и верска основа во областа на образованието

April 1, 2022
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

КСЗД утври вознемирување врз етничка, религиска и верска основа во областа на образованието

April 1, 2022 14:26
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Образованието на младите генерации е клучот за успех и подобра иднина на секое општество и држава. Притоа треба да се внимава на изработката на секој учебник, на секој збор и реченица, а ова особено се однесува на учебниците по Историја, од кои покрај за процесите во минатото учениците учат и создаваат слика за себе, но и за другите луѓе. И од тој аспект наставните содржини во учебниците мора да бидат секогаш потпрени на факти, без неточни и неправилни содржини кои создаваат предрасуди и стереотипи, вели пратеникот Зеќир Рамчиловиќ во изјава до медиумите.

Но, за жал сеуште во нашите учебници има такви содржини, што ме натера да поднесам претставки до повеќе инстанци, меѓудругите и до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, односно поднесов Барање за поведување на постапка за отстранување на несоодветни содржини во учебниците по историја на 22.10.2019 г.

Правдата може да е бавна, но секогаш излегува на виделина како и вистината. Пред некој ден го добив Мислењето од Комисијата донесено на 17.02.2022., кое исто така е објавено и на нивната веб страница со кое СЕ УТВРДУВА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ врз оснва на етничка припадност и религија или верско уверување во областа на образованието. Моето Барање со кое треба да се отсранат несоодветни содржини во учебниците по историја се однесуваат на Бошњаците и на Босна и Херцеговина и истите за жал ги има повеќе од кои во Мислењто се прифатени 5 забелешки во 5 различни учебници.

Комисијата врз основа на законот има обврска да препорача начин за отсранување на дискриминацијата. И истата од Министерството за образование и наука бара да постапи и да ја отстрани повредата на правото на еднаквост во рок од 3 месеци и за тоа да ја извести Комисијата. Односно МОН преку Педагошката служба да ги отстрани несоодветните содржини во учебниците по Историја кои се однесуваат на Бошњаците и Босна и Херцеговина.

Изготвувањето на учебници е сериозен процес, и секој треба да си ја врши својата работа, бидејќи по авторот има и други инстанци кои ги проверуваат учебниците и содржините. За проблемите со учебнците дискутиравме и на Комисијата за образование и наука, но за жал дел од пратениците водени од дневно-политички интереси сеуште не го сфаќаат сериозно проблемот кој остава долгорочни последици.

За мене како пратеник и припадник на бошњачкиот народ, како граѓанин на РС Македонија е од исклучително значење да се почитуваат правата на бошњачката заедница, но и на секоја друга етничка заедница, права и обврски регулирани во Уставот и законите на Република Северна Македонија кои се во интерес на правилен равој на младите луѓе, вели Рамчиловиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ