• Latest

Кучињата скитници и неплаќачи на струја дел од предизборната дискусија, црната пропаганда не стивнува

October 13, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Кучињата скитници и неплаќачи на струја дел од предизборната дискусија, црната пропаганда не стивнува

October 13, 2021 17:14
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Останаа уште три дена до крај на кампањата за локалните избори, црната пропаганда и партиските препукувањата не стивнуваат, дезинформации, деманти, барања за извинување, сега и кучињата – скитници влегоа во изборната кампања, обвинувања за предизборен поткуп, и за тоа кој не плаќал струја? ДИК ги задолжи градоначалниците да организираат дезинфицирање на гласачките места, ЦИВИЛ го финализира извештајот за од долгорочниот изборен мониторинг предвиден за петок.

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ

ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг, во петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Бизнис центарот „Палома Бјанка“, во Прес центарот на ЦИВИЛ, на 3. кат.

Во Извештајот на ЦИВИЛ се поместени извештаите од мониторингот во повеќе од десет категории кои се нотирани во изминатиот предизборен период.

ЦИВИЛ ќе ги изнесе и своите наоди, анализи и препораки во пресрет на првиот круг од локалните избори.

ДИК ГИ ЗАДОЛЖИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ДА ГИ ДЕЗИНФИЦИРААТ ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА

Државната Изборна Комисија (ДИК), врз основа на одредбите од Изборниот законик, ги задолжи сите градоначалници да организираат дезинфекција на сите гласачки места во објектите за гласање.

КУЧИЊА СКИТНИЦИ ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊА

Стационарот за бездомни кучиња – Лајка, објави видео клип на кој се гледа како куче се обидува да ја прескокне надворешната ограда и да се врати во стационарот, како одговор на Фејсбук објавата на кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска: во која таа вели дека „на Скопје му е потребен стационар за трајна грижа до вдомување на бездомните кучиња, со што трајно ќе се реши проблемот. Потребни се системски решенија за обезбедување 24 часовна ветеринарна служба во рамки на стационарот, со неопходна грижа и стерилизација со крајна цел намалување на бројот на бездомни кучиња.“

ЦРНА КАМПАЊА

Кандидатка на СДСМ за советник во  Битола ги демантира тврдењата на функционери од ВМРО – ДПМНЕ

Жаклина Наумовска, кандидатка за советник во Советот на Општина Битола и секретар на ОО СДСМ Битола категорично демантира вмешаност во снимката од битолски Баир, што вчера ја објави ВМРО ДПМНЕ. Таа бара јавно извинување од пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Влатко Ѓорчев, како и од кандидатот за член на Советот на Општина Битола, Марко Јосифовски, за јавно изнесената лага.

ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА

ВМРО ДПМНЕ: Заев врши поткуп и кривично дело, на четири дена пред избори гласа финансиска помош за 159 фирми, ДКСК да отвори постапка – За ова се одговара!

Во моментот, Зоран Заев одржува седница на влада, за одобрување средства за поткуп на фирми. Заев спротивно на Изборниот законик денес на дневен ред на владата ставил точка за гласање без расправа – Доделување на финансиска поддршка на 159 компании, на само 4 дена пред одржување на локалните избори, изјави денеска на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. 

СДСМ: Компании на Данела Арсовска не плаќале струја, направиле долг од 54.000 евра, документи откриваат голем скандал за кандидатката на Груевски 

Според документи кои се доставени до нас, нејзина фирма „Империал – Данела“ ДООЕЛ Скопје, понатаму „Империал ДООЕЛ увоз извоз Скопје“ во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала Расадник во Кисела Вода, соопшти Дарко Каевски од СДСМ на прес конференција попладнево во Скопје.

Миле Талески, пратеник и претседател на ОО СДСМ Прилеп: Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, со самонаметнатата улога на „жртва“, води кукавичка кампања.

ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ

Максим Димитриевски – Независен кандидат 

Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска оствари средба со претставници од туристичките агенции, каде вети дека и во следниот мандат ќе продолжи со грижата во секој сектор, вклучително и за развојот на туризмот во Куманово. Ќе се  стимулира алтернативен туризам, бањски туризам и ќе се продолжи со развој на спортскиот туризам.

Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат на СДСМ за втор мандат, од Чаир порача дека Скопје е град за сите, и дека рамномерно се развиваат сите скопски општини.

Во Чаир во изминатите 4 години во развојот на инфраструктурата вложивме многу. За нас не постојат важни и помалку важни општини. За нас не постојат важни и помалку важни луѓе, рече Шилегов.

Тој укажа дека е растоварен од национални предрасуди и дека со именувањето на покојниот Енвер Малиќи за заменик градоначалник, покажал дека е растоварен од предрасуди, и дека планира да го повтори тоа, бидејќи верува во заедништвото на скопјани.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Ана Петровска, поддржана од НВО „Зелен хуман град“, денеска на Скопско кале изјави дека има обиди за нелегално градење, „напаѓање на одредени објекти и инвеститори“, кои, како што рече, сакаат ова подрачје, кое е заштитено со закон, да го уништат на некој начин.

Таа и советничката во Виена од австриските Зелени, Хајди Секвенц, денеска заедно беа на изложба на мурали во напуштената фабрика за бакар во населбата Хром, и се заложија таа да прерасне во младински центар.

Кандидатката за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Данела Арсовска најави дека како иден градоначалник ќе вложи во креирање подобра иднина за младите. Дел од овие 11 милиони евра ќе бидат наменети за реновирање старата касарна во Аеродром, којашто во соработка со општина Аеродром ќе биде пренаменета во центар за софтверски инженеринг и хаб за иновативни ИТ стартап компании, истакна Арсовска.

ГРОМ

Кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски најави изградба на четири катни гаражи во населбите Карпош 1 и Карпош 2, со кои што треба да се реши проблемот со паркирање на жителите од овие населени места.

АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА

Вулнет Мурсели, кандидат за градоначалник на Тетово, утрово при посетата на пунктовите за вакцинација во градот, изјави дека остануваат уште неколку дена до промената и Тетово ќе биде на местото што го заслужува. Сите вработени ќе бидат ослободени, ќе добијат услови и статус што ги заслужуваат. Тие се нашите херои и како такви ќе бидат третирани, истакна Мурсели.

Тој повика на масовна вакцинација, „се сите за да се вратиме на нормалниот живот како пред пандемијата. Заедно ќе ги надминеме другите предизвици“, порача Мурсели.

ДУИ

ДУИ денес ги претставува приоритетите за работа во општина Кичево и обврските од зелената агенда за квалитетен живот на кандидатот за градоначалник, Фатмир Дехари и листата на кандидати за советници на чело со Газменд Јусуфи. Изборната програма на ДУИ за Кичево, во мандатот 2021-2025 година предвидува имплементација на проекти за унапредување на процесите на економска и социјална заштита во областите инфраструктура, образование, поголема социјална и здравствена заштита, локален економски развој, грижа за додадена на животна средина и природни ресурси, туризам, култура, спорт и рекреација.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ