ЦИВИЛ ќе го презентира својот Извештај од долгорочниот изборен мониторинг, в петок, 15 октомври, со почеток во 12:30 часот. Презентацијата за јавноста и медиумите ќе се одржи во Бизнис центарот „Палома Бјанка“, во прес центарот на ЦИВИЛ, на 3. кат.
Во Извештајот на ЦИВИЛ се поместени извештаите од мониторингот во повеќе од десет категории кои се нотирани во изминатиот, предизборен, период.
ЦИВИЛ ќе ги изнесе и своите наоди, анализи и препораки во пресрет на првиот круг од локалните избори.
Медиумите се добредојдени да се приклучат во живо на платформата Зум, а со максимално почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, ЦИВИЛ ќе обезбеди услови и за физичко присуство на 3-4 новинарски екипи.
Преземањето на видео преносот и сите текстуални содржини поврзани со изборите, објавени на civilmedia.mk (македонски), drejt.mk (албански) и civil.today (англиски) е дозволено целосно, според лиценцата Creative Commons 4.0 (линк до изворот).
Презентацијата ќе се емитува во живо на:
https://www.facebook.com/civil.mk
https://www.youtube.com/c/CivilMacedonia
Погледајте и: