• Latest

Ќучук повикува да не се испушти можноста за Северна Македонија до крајот на годинава, Захариева не отстапува

November 6, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ќучук повикува да не се испушти можноста за Северна Македонија до крајот на годинава, Захариева не отстапува

November 6, 2020 09:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарски официјални претставници вчера пак излегоа со ставови во врска со усвојувањето на преговарачката рамка за Северна Македонија, со што би се отворил патот за одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годинава, под германското претседавање со ЕУ. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, пак, им порача на соседите да не бидат кочничар, туку моторот на нашиот процес на интеграција.

Бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија Илхан Ќучук повика ЕУ да даде силен, проевропски знак, дека ја гледа Северна Македонија и целиот регион како нејзин составен дел, не само географски, туку и политички и економски.

-До состанокот на Берлинскиот процес на 10 ноември, нема време за крупни одлуки. Штета би било оваа можност да се испушти за време на силното германско претседателство, рече Ќучук.

– Сфаќам дека не е лесно. Но, мора да бидеме разумни. Ајде да сториме се што е можно… и Владата и политичарите да покажат поголема храброст, истакна Ќучук.

Тој како големо достигнување на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија ја гледа формулацијата „заедничко“, затоа што заедничкото минато, заедничката историја и заедничките корени, според него, ќе постават „многу цврсти темели и за заедничка иднина“.

– Комисиите од бугарска и македонска страна постигнаа многу. Историјата не е лесна тема за разговор. Никој не вели да се откажеме од овој разговор, но мора да му се даде време. Ако Договорот од Преспа го реши проблем со Република Грција и го елиминира еднаш засекогаш, сакајќи да покаже дека минатото на едната и на другата страна немаат ништо заедничко, тогаш бугарскиот договор со Република Северна Македонија започнува процес – да се каже дека сè било заедничко, рече Ќучук.

Крајната цел е да бидеме заедно во Европската унија и тоа е стратешки интерес на Бугарија, Северна Македонија и ЕУ, вели бугарскиот европратеник, но забележува дека е изгубен интензитетот во овој процес.

– Чувствата на граѓаните постојат од двете страни на границата и не треба да си играме со нив, и тие се диктирани од нејасните позиции што сакаме и каде сакаме да биде регионот, додава Ќучук.

Шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева вчера пак рече дека Бугарија во моментов не може да се согласи на започнување на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Таа потенцира дека Бугарија ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но нагласи дека бугарската поддршката за Северна Македонија „никогаш не била безусловна“.

– Постои Договор за пријателство и добрососедство, кој беше потпишан во 2017 година, но одредбите не се спроведуваат. Во Скопје се обидуваат да избегаат од тоа, изјави Захариева, додадвајќи дека во последните месеци Бугарија неколку пати најавила дека е можно да не ја одобри првата меѓувладина конференција или преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ.

Запрашана дали е можна промена на ставот на Бугарија околу стратот на преговорите под надворешен притисок, Захариева е категорична дека „тоа нема да се случи“, потенцирајќи дека бугарската Влада е единстевна по прашањето за Северна Македонија.

Таа нагласи дека е потребна добра волја за спроведување на Договорот за добрососедство, истакнувајќи дека „непризнавањето на историската вистина води до доста сериозни проблеми во односите меѓу двете земји“.

Бугарскиот претседател, пак Румен Радев, истакна дека Бугарија е одговорна членка на ЕУ и нема да дозволи нерешени билатерални прашања да го нарушат единството на Унијата.

– За таа цел, потребен е траен и одржлив напредок на Република Северна Македонија во градењето на добрососедски односи со Бугарија, порачал Радев во разговорот.

Според Радев, Бугарија очекува да добие јасни правно обврзувачки гаранции под влијание на надворешни фактори дека никогаш нема да бидат доведени во прашање единството на бугарската нација и нејзиното културно и историско наследство, како клучни елементи на националниот идентитет.

Шефот на дипломатијата Османи повика „нашите европски пријатели да го препознаат моментумот и да не ја пропуштат шансата да се финализира крајот на годината онака извонредно како што започна“.

– Земјите од Балканот припаѓаат на европското семејство – географски, историски, културно, вредносно, и својата иднина ја гледаат како дел од Европската Унија. Перспективата за членство во ЕУ е мобилизирачки фактор кој ги обединува сите општествени чинители и движечка сила за успешно спроведување на реформите и справување со предизвиците со кои се соочуваме на тој пат, потенцира Османи.

Германија, која е актуелен претседавач со ЕУ, во повеќе наврати истакна дека нејзина цел е одржување на првите меѓувладини конференции со Северна Македонија и Албанија до крајот на годината, што ќе значи официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Унијата. По изнесените резерви на Софија во однос на усвојувањето на преговарачката рамка со земјава, Германија ги засили дипломатските напори за спречување на евентуално вето од бугарска страна на стартот на преговорите со Северна Македонија.

За таа цел, во понеделникот во Берлин се одржа средба на германските министри за надворешни работи и за Европа, Хајко Мас и Михаел Рот со македонскиот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и шефовите на дипломатиите на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Екатерина Захариева, додека германската канцеларка Ангела Меркел имаше телефонски разговори со премирот Зоран Заев и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, пак, телефонски разговараше со неговите колеги од Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев.

Извор: МИА

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ