Продолжува жестоката полемика на тема Закон за употреба на јазиците на социјалните мрежи. Таа „комуникација“ најчесто е сведена на лавини од говор на омраза, размена на вулгарности и навреди на етничка основа. Избравме еден краток дуел на Твитер кој е, сепак, исклучок од општиот тренд на „тресење зелени“ по социјалните мрежи, кој може да послужи и како илустрација за судирот меѓу исклучивоста и прогресивните тенденции во јавноста.
Катица Ќулавкова, универзитетска професорка, на Твитер напиша: „Водат држава, а не прават разлика меѓу (малцински) јазични права и должности спрема државниот јазик! Службениот карактер на албанскиот јазик се однесува на правата на 20% мкд Алб. и не ја укинува должноста тие да го познаваат и да го зборуваат државниот јазик на РМ, македонскиот.“
Борјан Јовановски, новинар, ја праша: „Професорке кој е вашиот коментар на фактот што цела Финска е двојазична? Има нешто 2% Швеѓани.“
Џ.Д.