Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска најави дека Кијив нема да се откаже од барањето Русија да ги повлече своите војници од Крим и деловите што неодамна незаконски ги анектираше како услов за завршување на војната. Кулеба ја нарече војната во Украина „крвава рана среде Европа“ и рече дека сите делови од неговата земја треба да се третираат како да се под рамноправна управа на Киjив.
„Ние бевме обединети со принципот на повелбата на Обединетите нации и заедничкото верување дека Крим е Украина и дека ќе биде вратен под контрола на Украина“, рече Кулеба во видео обраќање до учесниците на конференцијата за безбедност Црното Море, што се одржува во Букурешт.
Кулеба изјави дека Украина категорично не се согласува со тврдењата дека Крим не треба да и се врати на Украина.Русија го анектира украинскиот полуостров Крим на 18 март 2014 година, по референдумот кој не беше признат од Кијив и меѓународната заедница.
Кремљ сака Кијив да ја признае руската администрација на Крим и анексијата на украинските региони Доњецк, Херсон, Луганск и Запорижја.
Украина ги отфрли овие барања и не сака да преговара со Москва додека руските војници не се повлечат од сите окупирани територии.