Медиумите во Општина Куманово излегоа со реакција кон Општинската изборна комисија која, како што јавуваат им ја попречува работата. Како што јавуваат локалните медиуми не им дозволиле да влезат во избирачките места да снимаат и фотографираат, што досега не било случај на сите досегашни избори.
Од избирачките одбори им барале акредитации од ДИК, кои тие навремено ги побарале, но оттаму им рекле дека акредитации се издаваат само на странски новинари.
Претседателот на ОИК Куманово потврдил дека Избирачките одбори се во право и немаат дозвола ниту во нивните простории да снимаат и фотографираат.
Од ДИК изјавиле дека немало од нивна страна никакви инструкции до ОИК Куманово да не им дозволат на медиумите да си ја вршат работата и дека слободно можат да влезат со прес легитимациите. Но, најверојатно поради слаба комуникација, новинарите сè уште имаат проблем да влезат во избирачките места.
Сепак, новинарските екипи од националните телевизии немале никаков проблем да влезат во избирачките места и да известуваат за референдумскиот процес.
ЦМ