Додека аналитичарите ја гледаат Турција како еден од главните добитници од паѓањето на режимот на Асад, Курдите се чини дека „ќе да загубат најмногу“, од нивната автономија до безбедноста на нивните заедници, изјави Фаваз Гергес, професор по меѓународни односи на Лондонската школа за економија, за France 24 на 5 декември, пренесува ВоА.
По избувнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, курдските сили прогласија автономија над делови од североисточна Сирија во ноември 2103 година, каде што формираа мнозинство.
Се проценува дека 30 милиони Курди се распространети низ северен Ирак, западен Иран, северна Сирија и сочинуваат приближно 18% од населението на Турција.
Најголемата етничка група без татковина, Курдите долго време се соочуваат со прогон во Сирија и на други места. Турција, која дели речиси 900 километри граница со Сирија, беше долгогодишен противник на режимот на Асад и главен поддржувач на вооружените групи таму , вклучувајќи ги и сунитските џихадистички фракции. Турција, исто така, прими околу 3,6 милиони сириски бегалци, што стана извор на домашна вознемиреност.
Од 2016 година, Турција започна повеќе воени операции во Сирија насочени кон Курдите со цел да се спречи формирање на автономен курдски регион на нејзината граница.
Во 2019 година, Турција се обиде и не успеа да создаде тампон зона од 30 километри долж нејзината граница со Сирија. Со години, Ердоган сигнализираше дека неговите планови за воспоставување на таа одбранбена област остануваат на место. Веднаш по соборувањето на Асад, борците поддржани од Турција навлегоа за да преземат територија под контрола на СДФ како дел од тој план.
Драган Мишев
Целиот текст може да го прочитате тука: