• Latest

Курти: Не сум добил ултиматум од меѓународниците, проблемите не се решаваат со притисоци

June 7, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Курти: Не сум добил ултиматум од меѓународниците, проблемите не се решаваат со притисоци

June 7, 2023 20:14
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека не добил никаков ултиматум од меѓународната заедница во однос на ситуацијата во северно Косово и порача дека „работите не можат да се средат со притисоци и со споменување последици“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изјавата на Курти, дадена во Митровица каде што присуствуваше на спортска манифестација, претставува одговор на најавата на специјалните пратеници на ЕУ и САД, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, дека Косово ќе трпи последици доколку до крајот на денешниот ден не ги исполни барањата на меѓународната заедница за смирување на состојбата во северно Косово, каде што локалните Срби протестираат против градоначалниците Албанци во општините со мнозинско српско население.

Курти рече дека на средбата со Лајчак и Ескобар, одржана прексиноќа во Приштина, им понудил ним „сигурен начин за излез од кризата на косовскиот север“, а за проблемите во тој регион рече дека се „предизвикани од илегалните структури од Србија“.

-Не сум добил никаков ултиматум, ние се сретнавме со емисарите и јас им понудив сигурен начин за излез од кризата на косовскиот север предизвикана од илегалните структури од Србија. Прво е владеење на правото – имаме десетици војници на НАТО, косовски полицајци и новинари кои беа жртви на една невидена бруталност на насилните екстремисти, изјави Курти.

За безредијата на протестите во општините со мнозинско српско население, Курти ги обвини „криминалците и насилните екстремисти кои се однесуваат како фашистичка полиција“, а кои се поддржани од властите во Србија.

-Сите тие … треба што поскоро да се соочат со правдата. Има меѓу нив такви кои се дојдени во Косово од Србија … Тие структури се раководени и финансирани од Белград и треба да се соочат со законот поради злосторствата што ги извршиле – од палењето возила до ранувањата со огнено оружје, шок-бомби и рачни гранати, рече Курти.

По отстранувањето на тие групи и откако ќе престанат насилните безредија, порача косовскиот премиер, ќе се изврши и намалување на бројот на полицајци во општинските објекти, по што „ќе може да се започнат подготовките за фер и демократски изборен процес за предвремени избори“ во општините во северно Косово.

Во однос на забелешките упатени до неговата влада во врска со напнатостите во северно Косово, Курти изрази уверување дека „ќе се разјаснат нејаснотиите“.

-Постојат предизвици со европските и американските емисари, но нашите билатерални односи со ЕУ и САД се одлични. Кога доаѓа американски и европски емисар како посредник, тогаш тука не е во прашање односот со Европа или Америка, туку е во прашање односот со Србија, изјави Курти.

Тоа, според него, „не се исти работи“.

-Кога САД бараат нешто во рамки на билатералните односи, ние немаме ниедна дилема за да речеме „да“. Но кога американскиот емисар бара нешто што се однесува на односите со Србија, тогаш ние треба да размислиме добро и да бидеме внимателни, но секако секогаш да бидеме кооперативни, конструктивни и посветени, рече Курти.

Лајчак и Курти, кои вчера и завчера престојуваа во Приштина, на Курти му ги изнесоа барањата за преземање конкретни мерки за смирување на состојбата во северно Косово. Во тој регион, населен со мнозинско српско население, веќе две недели локалните Срби протестираат против градоначалниците Албанци кои победија на вонредните локални избори во тамошните четири општини, одржани во април годинава, а кои Србите ги бојкотираа.

Европскиот и американскиот дипломат побараа од Курти, меѓу другото, повлекување на специјалните полициски единици и организирање вонредни локални избори во засегнатиот регион. Тие му дадоа рок за исполнување на барањата до крајот на денешниот ден, предупредувајќи дека во спротивно „ќе има последици“ за Косово.

Tags: КосовоКуртиСрбијаултиматум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ