• Latest

Квартален раст на БДП и вработеноста во Еврозоната

August 15, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Квартален раст на БДП и вработеноста во Еврозоната

August 15, 2024 13:20
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вториот квартал од годинава бруто домашниот производ во Еврозоната забележа раст од 0,1 отсто во споредба со претходното тримесечје, додека вработеноста регистрира квартално зголемување од 0,2 проценти. На ниво на цела ЕУ, пак, БДП во периодот април-јуни 2023 година остана непроменет во однос на претходниот квартал, додека стапката на вработеност во истиот период се зголеми за 0,1 отсто, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.

Во споредба со истиот лански квартал, БДП во Еврозоната порасна за 0,5 отсто, а вработеноста за 1,6 проценти, додека во цела ЕУ бруто домашниот производ има годишен раст од 0,4 отсто, а вработеноста од 1,5 проценти.

Најголем квартален раст на БДП меѓу членките на ЕУ оствари Литванија од 2,9 отсто, пред Словенија од 1,4 и Грција од 1,3 проценти. Од друга страна, најголем пад има Полска од 2,2 отсто, пред Шведска од 0,8 и Австрија од 0,7 проценти.

Во текот на вториот квартал од 2023 година, расходите на домаќинствата останале непроменети на квартално ниво и во Еврозоната и во ЕУ, а државната потрошувачка пораснала за 0,2 отсто и во двете зони, откако во првото тримесечје во зоната на еврото се намали за 0,6 проценти, а во Унијата за 0,1 отсто. Извозот е намален за 0,7 отсто и во двете зони, додека увозот е зголемен за 0,1 проценти во Еврозоната, а опаднал на ниво на ЕУ за 0,2 отсто. Во првиот квартал од годинава, извозот во Еврозоната остана непроменет на квартално ниво, а увозот се намали за 1,3 проценти, додека во цела ЕУ, извозот имаше раст од 0,1 отсто, а увозот пад од 1,4 проценти.

Според сезонски прилагодени бројки, Евростат проценува дека во вториот квартал на 2023 година во ЕУ вработени биле 216,3 милиони лица, од кои 168,5 милиони биле од земјите на Еврозоната.

Во периодот април-јуни 2023, продуктивноста по вработен во Еврозоната е намалена за 0,9 отсто во однос на истиот лански квартал, а во ЕУ за 0,7 проценти, додека продуктивноста по работни часови бележи годишен пад од 0,9 отсто во зоната на еврото и 0,6 проценти на ниво на целата Унија.

Tags: БДПеврозонаЕУ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ