• Latest

Кежаровски: Ќе се обидам да се ослободам од стравот!

August 15, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кежаровски: Ќе се обидам да се ослободам од стравот!

August 15, 2017 14:23
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Истражувачкиот новинар Томислав Кежаровски е гостин на Хамбуршката фондација за политички прогонети лица. Дојче Веле на македонски јазик денеска пренесува дел од медиумскиот одѕив на неговото пристигнување. 

 „Сега ќе се обидам да се ослободам од постојаното чувство на страв“, рече Томислав Кежаровски по неговото пристигнување во Хамбург. Неговите зборови ги пренесува „Фокус онлајн“ и наведува дека Кежаровски ја почнал новинарската кариера во „Утрински весник“ и дека е добитник на награди за истражувачки стории во 2003 и 2013 година.
Натаму во текстот на „Фокус онлајн“ меѓу другото се вели: „До средината на 2013 година тој работи во весникот ‘Нова Македонија’. Потоа, репортерот станува жртва на државна правосудна интрига. Врз основа на обвинување засновано на лажни докази, Кежаровски беше уапсен на 28 мај 2013 година. Иако пред судот покажа дека сите обвинувања се неосновани, тој беше осуден на 4 години затвор, кои по пет месеци зад решетки беа преиначени во домашен притвор. Апелациониот суд потоа ја преполови казната, со пресметување на времето минато во притвор. Но, правосудните власти ја постигнаа својата цел: успешно запреа едно друго, за власта непријатно, истражување на Кежаровски. Кон власта критичниот издавач Никола Младенов, во својот независен весник ‘Фокус’ постојано го критикуваше македонскиот премиер Никола Груевски и неговата мрежа од корупција и непотизам. На крајот на март 2013 година, Младенов загина во мистериозна сообраќајна несреќа. Истражните органи до денес одбиваат да ги испитаат контроверзите во извештајот за несреќата откриени од страна на Кежаровски на местото на несреќата… ‘Случајот Кежаровски’ ја покажува недемократската и репресивна политика на режимот на Груевски. И по промената на власта во јуни, неговите поддржувачи (во судството, н.з.) се останати на своите позиции… Џабир Дерала, претседател на македонската организација за човекови права ‘ЦИВИЛ – Центар за слобода’ прогонот на новинарот Кежаровски го опишува како ‘впечатлив доказ за едно длабоко политизирано правосудство’.“

За доаѓањето на Кежаровски во Хамбург јавија и агенциите КНА и ЕПД. Тие, покрај кусиот опис на работата, како и на затворањето и прогонот на Кежаровски, даваат и податоци за Хамбуршката фондација за политички прогонувани лица.

Фондацијата е основана во 1986 година од тогашниот градоначалник на Хамбург, Клаус фон Донањи (СПД). Таа им дава поддршка на луѓе кои се нашле во опасни ситуации поради своите јавни настапи за демократија, слобода и човекови права. Во 30-годишното постоење, таа им има обезбедено прибежиште на повеќе од 130 новинари, писатели, сликари, фотографи, адвокати и борци за човекови права, а делумно им е пружено гостопримство и на нивните семејства. Стипендијата која им се дава на гостите, им овозможува безбеден престој и можност за продолжување на на нивната политичка, уметничка или новинарска работа.

[divide]

(Извор: Дојче Веле на македонски јазик)

Tags: ДералаДојче ВелеКежаровскиКлаус фон ДонањиМладеновХамбургХамбуршката фондација за политички прогонети лица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ