• Latest
Инструментот ЛИДАР со кој се направени снимките - copyright Encardio-Moniterra Group

Ласерски снимки од брана стојат на интернет, авторот вели – нема причина за загриженост

March 13, 2020
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ласерски снимки од брана стојат на интернет, авторот вели – нема причина за загриженост

Фотографии и видео од ласерско скенирање на браната Матка, на кои се претставени зони со различни бои, стојат на интернет страници на приватна странска компанија.  Фирмата која ги изработила, „Монитера“, одговори дека снимките се направени за демонстрација на нивниот систем за надзор, во која се симулирани оштетувања, но, „за среќа, вистинските мерења не покажуваат оштетувања“.

March 13, 2020 14:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Инструментот ЛИДАР со кој се направени снимките - copyright Encardio-Moniterra Group

Инструментот ЛИДАР со кој се направени снимките - copyright Encardio-Moniterra Group

Share on FacebookShare on Twitter

Фотографии и видео од ласерско скенирање на браната Матка, на кои се претставени зони со различни бои, стојат на интернет страници на приватна странска компанија.  Фирмата која ги изработила, „Монитера“, одговори дека снимките се направени за демонстрација на нивниот систем за надзор, во која се симулирани оштетувања, но, „за среќа, вистинските мерења не покажуваат оштетувања“.

„Тоа што се гледа на нашите видеа се мерења за демонстрирање на можностите на софтверот. ‘Создадовме деформации’ за да прикажеме како софтверот би ги прикажал. За среќа, вистинските мерења НЕ покажаа деформации и, секако, нема причина за загриженост за браната. Во секој случај, оваа брана, како и сите други брани во земјата, редовно се мери и контролира од тимовите на ЕВН, и тие многу професионално си ја вршат работата. Нашите мерења беа дополнителни, за да се проверат перформансите и точноста на технологијата за ласерско скенирање на површината на структурата“, напиша Георгиос Папастамос, извршниот директор на „Монитера“, во својот одговор за снимките.

И ЕВН, компанијата која управува со браната и хидроелектричната централа, потврди дека браната е безбедна, но не знае ништо за снимките – ниту кога и зошто се направени, ниту дали, во ваква форма, се класифицирана информација.

„… Браната Матка и целиот хидројазел Матка е безбеден повеќе од 80 години. ХЕЦ Матка е категоризирана во високи брани согласно критериумите на Меѓународниот комитет за високи брани. За тој вид брани пропишано е следење (оскултација, surviliance, мониторинг) што е дефинирано со Основен проект за техничко следење на брана Матка.

Се следи: поместувања на објектот (геодетско снимање на точки и репери поставени на телото на браната), се регистрираат силни земјотреси, над 5 степени по европската сеизмичка скала и постојано се следи состојбата на сеизмичките инструменти т.е. нивната функионалност. Се мониторира нивото на подземна вода во подножјето на браната, температурата на воздух, на вода, врнежите и протекот во реката Треска непосредно, низводно од ХЕЦ Матка.

Секоја година се подготвува Извештај за техничко набљудување на брана Матка и се доставува до Министерство за животна средина. Браната Матка се следи (мониторира) согласно Основниот проект за следење на браната Матка изработен во согласност законската регулатива во Македонија и доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Државниот инспекторат за животна средина и Комитетот за следење на високите брани во Макединија. Секоја тековна година се доставува извештајот од техничко набљудување на браната Матка за претходната година до МЖСПП со кој егзактно се потврдува интегритетот на браната и пратечките објекти („структурна безбедност“)…“, гласи одговорот на ЕВН.

Македонските институции не знаат дали снимки од браната Матка се или треба да бидат класифицирани информации. Според МВР, за обезбедување на браната е задолжена фирмата која со неа управува, Дирекција за заштита на класифицирани информации тврди дека таа не одредува степен на доверливост и не знае дали е станува збор за доверлива информација а Јавното обвинителство упатува да се провери дали информациите имаат степен на доверливост, со поука дека во тој случај станува збор за кривично дело.

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во својот одговор даде исцрпно објаснување за тоа што е класифицирана информација и кој го одредува тој статус, за да додаде:

„Во конкретниот случај Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации не е таа што одредува дали хидроелектричната централа Матка треба да биде класифицирана информација туку тоа е обврска на сопственикот на објектот кој менаџира со истиот. Самиот објект е од стратешко значење за државата но далеку е од тоа да биде класифицирана информација бидејќи ако било така тогаш пристапот до објектот би бил ограничен само на лицата кои поседуваат безбедносен сертификат со соодветен степен на класификација“.

Дирекцијата се сомнева дека ЕВН знаела за снимките:

„Доколку вршите пребарување на интернет на поимот Матка ќе ви се појават мноштво на слики како од надворешниот така и од внатрешноста на самата хидроцентрала. Тоа што горе спомната фирма ги употребила сликите и ја скенирала самата брана без знаење на сопственикот треба да се побара законска заштита со други позитивни законски решенија во државата.“, одговори Дирекција за безбедност на класифицирани информации.

Дали на снимките на браната има доверливи информации не можеше да оцени ниту Јавното обвинителство, кое, сепак, посочи дека објавување класифицирани информации е кривично дело:

„Ве упатуваме кај претпријатието во чија надлежност е браната или кај државниот орган надлежен за безбедност на класифицирани информации да проверите дали објавените снимки се класифицирани и со кој степен на доверливост. Согласно закон, оддавањето на информации класифицирани со степен „државна тајна“, „строго доверливо“ и „доверливо“ претставува кривично дело.“, одговори Службата за односи со јавноста на Јавното обвинителство.

Според Законот за класифицирани информации, накратко, секоја информација, вклучувајќи ги и тие од странски државјани, која се однесува на „на безбедноста и одбраната на државата, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, уставниот поредок, јавниот интерес, слободите и правата на човекот и граѓанинот“ е информација од интерес за државата. Предмет на класификација, вели законот, се информациите кои се однесуваат особено на: јавната безбедност; одбраната; надворешните работи; безбедносни, разузнавачки и контраразузнавачки активности на органите на државната управа; системи, уреди, проекти и планови од важност за јавната безбедност, одбраната, надворешните работи; научни истражувања и технолошки, економски и финансиски работи од значење за Републиката.

Игор К. Илиевски

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ